knizevna inicijativa

Здружението за афирмација на културата, екологијата и руралниот туризам „Културен манифест“ – Крушево, како дел од своите долгорочни програмски активности, на 31.05.2025 година го основа првиот литературен круг во Општина Крушево, кој ќе го носи името на еден од најголемите македонски драмски писатели – крушевчанецот Васил Иљоски.

Васил Иљоски (1902–1995) е еден од основоположниците на македонската драмска книжевност. Роден во Крушево, тој остави трајна трага со своите драми на народен јазик, меѓу кои најпозната е „Бегалка“. Неговото творештво ја афирмираше македонската култура во тешки историски околности и претставува столб на националниот драмски израз.

Како составен дел на литературниот круг функционира и читателски клуб, со членови од Крушево, Битола и други градови низ Македонија. Основната цел на овој круг е популаризација на литературата во целина, преку објавување на годишни трудови, организирање читателски и книжевни средби, доделување признанија на реномирани автори и дебитанти, како и поттикнување на книжевната култура кај младите преку разни конкурси и активности.

За прв претседател е избран Валентин Тасески.

Брокулата – хранлива ризница на здравјето
Брокулата е еден од најхранливите зеленчуци кои можете да ги додадете во …
Бидете толку сигурни во себе за никој да не може да ве омаловажи
Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…