3e23f71b c52c 48bd b022 e7f877355eec

На 19.6.2025 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на поетската книга „Небо врз црвливи диреци“ од Божин М. Андоновски во организација на Македонско научно друштво – Битола.

74f66ad5 1179 4837 b464 b73c6192605d edited

За книгата зборуваа рецензентите Борче Панов, проф. д-р Златко Жоглев и проф. д-р Гордана Стојаноска, а поезија од Андоновски читаше проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на МНД која исто така го модерираше и настанот.

54e935eb d56d 415a a6d9 79024bfeaad0

„Како извонреден лиричар Андоновски постојано ни го открива контрастот на нештата во овој свет во кој сè повеќе го снемува човекот и врз лицето на глобусот ни ја создава фантастичната метафорична слика за ветрот кој  го персонифицирал како пајак што ни ја плете црната пајажина што ни навлегува во мислите и го слушаме како гавран што нè клука како длето и во нас го ваја стравот од сето она што се случува пред сите закани на уништувањето“ – истакна Борче Панов во своето излагање.

3e23f71b c52c 48bd b022 e7f877355eec 1

Според проф. д-р Златко Жоглев „„Небо врз црвливи диреци“ е поетска збирка која нуди длабоки размислувања и емоционални доживувања, претставени преку префинето избрани зборови и ритмика. Преку различните теми и фази на животот, Андоновски успева да го пренесе својот уникатен поглед на светот и да го поттикне читателот на размисла и саморефлексија“.

6d097b30 2a08 4f36 8870 5d1f990a432a edited

„Книгата „Небо врз црвливи диреци“ на Божин М. Андоновски, всушност е потрага по најдлабокото чувство кое авторот го врзува со реалноста, таква каква што е, и неговото целосно отфрлање на можноста каква било лага да ги извалка доказите дека таа е до својата срцевина изгниена, најчесто изопачена и неретко сурова и сирова до болка“ истакна проф. д-р Гордана Стојаноска на крајот од претставувањето.

14ca372b fd00 47c9 9739 dc15b5b353fb
Утринските навики на најдолговечните луѓе на светот кои ние ги игнорираме
Пет изолирани острови каде луѓето ја доживуваат „стотката“ повеќе отколку во остатокот …
Вознесение Христово Спасовден
Православната црква го празнува празникот Вознесение Господово, кај народот познат како Спасовден. …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…