Во ноември 2021 година на ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ му беше одобрен грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. По неколкумесечни подготовки и под координаторство на наставничката Биљана Темелкова, ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ овозможи 9 наставници да се стекнат со компетенции за инклузивна настава. Од училиштето велат дека се стремат да обезбедат најквалитетни обуки за наставен кадар, а наставниците со љубов се надоградуваат со цел да обезбедат што поквалитетно образование за секој нивни ученик. Наставниците кои беа дел од обуката во Барселона, Шпанија се стекнаа со сертификати за стекнати компетенции. Велат дека со нетрпение очекуваат што поскоро да го применат наученото. Обуката траеше од 9 до 14 мај.

„Како едукатори, знаеме дека најважната работа е да се направи позитивна промена во животот на секое дете и да му се помогне да го реализира својот целосен потенцијал. Обуката „Сите сме посебни”, инклузија и поддршка на учениците со посебни потреби во, и надвор од училницата, беше одлична можност да се научи нешто ново. Преку споделување на добри практики и поттикнување размена на креативни идеи, ни беше овозможена извонредна прилика за личен и професионален развој. За време на обуката не само што научивме многу нови работи, туку и уживавме и споделувавме среќни моменти заедно со наставници од Германија, Полска, Финска, Австрија и Чешка. Понесовме незаборавни спомени и создадовме пријателства кои ќе траат уште долго време. Обуката ни овозможи подлабоко разбирање на динамиката на часот, благосостојбата на учениците, на успешното учење, како и на улогата на семејството во инклузивните училишта. ”Сите сме посебни”, ја рефлектираше поставеноста на наставниците во инклузивните паралелки, со цел да се избегне етикетирање, изолација и малтретирање на децата со посебни образовни потреби и на оние со типичен развој, подеднакво. Сите со нетрпение очекуваме што поскоро да го примениме наученото. Како едукатори, знаеме дека најважната работа е да се направи позитивна промена во животот на секое дете и да му се помогне да го реализира својот целосен потенцијал. Се вративме во Македонија воодушевени од убавините на Барселона, побогати со нови искуства и пријателства, и секако спремни за споделување и имплементација на стекнатите знаења за предизвиците на инклузивното образование“, велат тие.

Зошто несреќните луѓе сакаат да ја уништат среќата на другите?
Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со луѓе кои, …
Природна детоксификација на организмот по празниците со овој утрински пијалок
По празничните денови исполнети со тешка храна, слатки и помалку движење, организмот …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…