чаршија нас

На 31.08.2023 г.(четврток) ќе се организира настанот ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА во делот на Безистенот покрај реката Драгор со почеток во 20.00 ч.

„Поведени од стиховите за нас на една од најубавите битолски песни на Петар Калица „Ако одам во Битола”. во спој со духот и времето од живеењето во некогашна градска Битола, после повеќе од 70-тина години одлучивме да го разбудиме битолското во нас и да започниме повторно да си ги негуваме некогашните традиционални вредности по кои беше препознатлив нашиот град со намера сето тоа да продолжи и да трае понатаму како континуитет во Битола.

чаршија 2

Настанот се организира со сопствени средства и можности, поканети се битолчани да уживаат во убава вечер со староградска музика со битолски и македонски песни. Покрај свежината на река Драгор, заедно со вас да си го вратиме духот на ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА, една од најпрепознатливите БИТОЛСКИ ЧАРШИИ“, истакнаа организаторите на настанот, Бабам Битола, кафе бар ВЕЗИЛКА и музичката група БИТОЛСКИ ТАМБУРАШИ.

Четврток 31.08 2023 г. почеток од 20.00 часот. Резервации на телефон 078 523 663

чаршија
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…