415750612 351110684327067 8566159655514845004 n

Најлесно е да си Јуда. Велиш дека си пријател, но кога ќе начекаш прилика, не се премислуваш за триесет сребреници, со еден целив да ги предадеш своите луѓе.

Најлесно е да си Пилат. Секогаш кога ќе стане густо и мачно, ти „да си ги измиеш рацете“. Не земаш одговорност ниту за твоите дела, ниту за твојот живот.

Најлесно е да си еден од Книжниците и Фарисеите. За луѓето од светот си почитуван, праведен, чист, но внатрешно, полн со омраза, кражби, лутина, завист, гордост, немилосрдност.

Најлесно е да си толпа. Јудејски беззаконски собир. Да немаш своја волја. Да не преземаш никаква одговорност. Да не си го тераш умот да размислува. Едноставно да бидеш следбеник. Како овца. И да викаш „земи, земи“ да бараш да биде распнат, оној за кого до вчера си зборувал убаво.

Најлесно е да бидеш Варава (Бараба). Да ја градиш својата слобода, твојот живот, на штета на некој друг.

Најлесно е да си разбојникот од левата страна. Дури и тогаш, во твојот последен миг, да не кажеш ниту едно „згрешив“, туку да хулиш, да навредуваш, да осудуваш, да ги исмеваш другите за твоите грешки.

Најтешко е да си Христос. Да се распнуваш секојдневно заради оние кои ги љубиш, и покрај сето тоа, да шепотиш од крстот: „Отче, прости им, оти не знаат што прават“.

Елефтериос Елефтеријадис, православен психолог

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…