Триото „Интерарт“ ќе настапи на реномираниот фестивал „Златна лира“, во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), на 15 октомври во Музејот на македонската борба.
На програмата се дела од композиторите Гери Шокер, Марко Виденовиќ, Андреј Рубцов и Жан-Мишел Дамаз, кои преку различни музички изрази и стилски особености ја претставуваат разновидноста на камерното музицирање.

Со својата уметничка посветеност и интерпретативен сензибилитет, триото „Интерарт“ продолжува да придонесува за афирмацијата на камерната музика и збогатувањето на домашната концертна сцена.
Грузија за крај: гастрономија, гостопримство и спомени
Во последниот дел од оваа патеписна приказна на Славчо Неделковски од Грузија, …
Сникерс смути: здрав десерт во чаша што ќе го обожавате!
Доколку обожавате чоколадо и кикирики, а сепак сакате да јадете здраво – …








