335982343 123620593875778 4988828725111612375 n

НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола ги соопшти добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2022 година“.

Тричлената комисија составена од:

-м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, координатор на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“

– м-р Сања Мучкајева -Видановска – член, прозеист

– Светлана Папачек- член, поетеса,

едногласно одлучи оваа година да додели награди во три категории:

– Првата категорија е „Награда за животно дело на Роднокраен автор од Битола“

– Втора категорија е “Роднокраен автор за 2022 година “-поезија и

– Третата категорија е „ “Роднокраен автор за 2022 година “-проза.

Образложение:

Оваа година кандидатури поднесоа врвни писатели од различни полиња, поради тоа комисијата по разгледувањето на пристигнатата документација едногласно ги додели следниве награди

1. Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива за жал пост хумано Владимир Костов за целокупното свое животно творештво.

2. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “-поезија ја добива Даниела Андоновска Трајковска, со објавени 5 книги во 2022 година

3. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “-проза ја добива Христо Петрески, со објавени 5 книги во 2022

Водејќи се според дадените критериуми, кои јасно кажуваа дека покрај објавените книги, писателите треба да имаат добиено награди и да имаат други придонеси во книжевноста:

– Добитниците имаат освојувано награди на домашни и меѓународни конкурси и во 2022 година.

– Добитниците имаат остварено низа активности и придонеси во книжевноста од широк размер и во 2022 година.

– Добитниците на наградите имаат објавено по 5 книги од различни жанрови: проза, поезија, коавторски дела, преводи и книжевни критики.

(За донесување на оваа одлука Комисијата го зеде во предвид целокупниот ангажман на писателите во 2022).

Наградите ќе се доделат на 24 (петок) март 2023 година во 11 часот по повод роденденот на Библиотеката. Останатите кандидати ќе добијат благодарници за учеството на конкурсот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…