На македонскиот спортски календар за септември, ТРЧАЈ БЕ е трката која четврта година доминира.
Битола е подготвена за најголемиот спортски настан кој ја очекува оваа недела, на 4 септември, а тоа е четвртото издание на трката која за мошне кратко време се наметна по својата популарност и кај рекреативците и кај врвните атлетичари, а од минатата година доби меѓународно значење со организирање на Балканското првенство во полумаратон.

301912880 516169546937702 4769444069816017710 n

Годинава, според бројот на пријавени учесници кој го соопштија организаторите и изнесува 1400 кои доаѓаат од 12 земји од светот, ова ќе биде најмасовното издание досега. ТРЧАЈ БЕ годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација на Македонија.

„Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на трите патеки долги 5, 10 и 21км низ Битола. Ќе биде и големо и масовно издание. Полумаратонот кој минатата година го организиравме за прв пат и беше Балканско првенство, годинава ја продолжува традицијата да биде ставен на атлетската листа настани како Национално првенство и тоа е голем комплимент за нас како организатори. Пријавена е целата македонска атлетска елита, на листата имаме и атлетичари од странство, бројни комапнии кои токму овој викенд ги испланираа своите тим билдинг активности и се разбира учесници рекреативци” – истакна Никола Димитровски, директор на трката.

302297300 1992985310893352 5229996730228519870 n

Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги дочека учесниците и гостите, кои во градот под Пелистер по четврт пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот по патеките, а на главната сцена настап ќе има и Љубојна. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, што е убав пример на спортски туризам кој носи профит за градот домаќин на трката.

301599475 815695433126388 8511606748295806571 n

„Во Трчај бе, бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот”- истакна Димитровски.

    Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
    Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да …
    Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
    Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

    Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

    Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

    Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…