mountaineer 2100050 1280

Книгата 40 Фејсбук приказни од Александар Гулевски е објавена во 2020 година. Таа е збир од белешки на авторот, објавувани на неговиот фејсбук профил. Поучни, добронамерни, зборови преточени во мудрости кои замислуваат, инспирираат…

ВЕРА

четврток, 26 ноември 2009 во 00:07

Ова е приказна за еден планинар, кој сонувал да се искачи на највисоката планина на светот. За овој потфат се подготвувал неколку години. Но сакал сета слава да ја присвои само за себе и затоа одлучил на планината да се искачи сам.

Еден сончев ден, започнал да се искачува. По некое време, наместо да застане и да се подготви за ноќта, да направи логор, тој продолжил и понатаму да се искачува, сѐ дури сосема не се стемнило. Темната ноќ ги обвила планинските врвови.

Планинарот не застанал. Продолжил да се искачува. Стигнал на само неколку чекори до врвот, кога одеднаш се лизнал и започнал стрмоглаво да паѓа надолу со голема брзина. Околу него темница. Силата на Земјината тежа незапирливо го влечела надолу.

За миг, како на филмска лента, пред очи му поминал целиот живот. Очекувајќи го
секој миг ударот на смртта, одеднаш почувствувал дека неговото движење е запрено од јажето со коешто бил врзан. Телото беспомошно му висело во воздухот.

Во тој миг, од душата му се откинал извик: „Господи, помогни ми!“ Од небото се слушнал глас: „Што сакаш да сторам?“. „Спаси ме, Господи!“, извикал планинарот. „Веруваш ли дека можам да те спасам?“, повторно се јавил гласот. „Верувам“, возвратил планинарот. „Тогаш, пресечи го јажето со кое си врзан и ќе се спасиш“, го посоветувал небесниот глас. Настанала тишина, миг на вистина. Планинарот,
сѐ уште силно го држел своето јаже.

climber 299018 640

Велат дека следното утро спасувачка екипа го пронашла
смрзнато телото на планинарот. Тој сѐ уште висел на своето јаже и
тоа на само половина метар од земјата.

Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…