monmartr2025 ohrid

Во рамките на 44. издание на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, учесниците вчера престојуваа во Охрид – градот под заштита на УНЕСКО, кој со својата неповторлива архитектура, духовност и природна убавина претставуваше вистинска инспирација за младите уметници од целиот свет.

Иако утрото започна со врнежливо време, тоа не ги спречи учесниците да ги започнат своите цртежи, инспирирани од езерото, старите охридски цркви, особено Света Софија, и тесните калдрмени улички.

Подоцна, кога врнежите престанаа и сонцето го обои градот во вистинските бои, децата добија уште повеќе поттик за творење и игра со боите.

По креативниот ден исполнет со цртање и дружење, попладнето беше резервирано за свечен дел. Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска, ја прими Благодарницата упатена до градоначалникот на Охрид, во знак на благодарност за долгогодишната соработка и поддршка на колонијата, доделена од Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола.

Крстеска имаше чест да ги додели и дипломите за најдобрите четири цртежи на денот, кои се истакнаа по својата креативност и оригиналност.

Оваа година, „Мал битолски Монмартр“ се реализира со поддршка од Општина Битола, Министерството за култура на Република Северна Македонија, како и со финансиска помош од Министерството за надворешни работи и Министерството за култура на Република Бугарија, преку програмите за развој и меѓусоседска соработка, и Фондацијата „Бугарска Меморија“.

Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…