toni naslovna

Кога квалитетот, посветеноста и љубовта кон музиката се спојат, резултатите се неизбежни. Фестивалот ТРА ЛА ЛА, кој со години претставува расадник на млади музички таленти, повторно ја потврди својата мисија – да им отвора врати на децата кон светската сцена.

Еден од најубавите примери за тоа е деветгодишната Евгенија Ристевска, која веќе три пати настапи на фестивалот ТРА ЛА ЛА, секогаш покажувајќи талент, напредок и сценска зрелост. Благодарение на поддршката од организаторите и стекнатото искуство, таа од 22 до 25 мај 2025 година за првпат учествуваше на меѓународен фестивал во Валона, Албанија, каде што освои високо второ место во својата категорија!

toni 2

Во силна конкуренција со учесници од Албанија, Романија, Косово, Унгарија, Канада и други земји, Евгенија со песната „Летни авантури“ ја освои поддршката на меѓународното жири и заслужено се искачи на победничкиот пиедестал. Нејзиниот ментор Тони Алексовски, кој беше и раководител на македонската делегација, воедно беше и член на интернационалната жири комисија.

toni 3

Ова гостување претставува 59-то учество на ТРА ЛА ЛА и MUSICLAND на големи меѓународни фестивали – импресивен доказ за нивната континуирана работа и ангажман.

toni 7

Како што изјави директорот на фестивалите, Тони Алексовски, овој успех не е само лична победа за Евгенија, туку и силен доказ дека ТРА ЛА ЛА не е само фестивал, туку вистинска платформа што го препознава, негува и промовира младиот музички потенцијал. Благодарение на визијата и трудот на тимот што стои зад фестивалот, многу деца добиваат шанса да се изразат, да растат и да бидат забележани на поширока сцена.

toni 4
toni 9

Со срце исполнето со благодарност, им честитаме за визијата, посветеноста и поддршката што ја даваат на секое дете кое зачекорува на сцената на ТРА ЛА ЛА – сцената што ги води кон светот.

Честитки за Евгенија Ристевска! Посакуваме уште многу награди и успешни настапи!

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…