Утре во Бугарија започнува првата детска ликовна колонија „Мал Монмартр во Пловдив 2O22″. Тимот на Фондацијата „Бугарска Меморија“ и детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” од Битола информираат дека утре ќе биде отворањето на првата детска ликовна колонија „Мал Монмартр 2О22 во Пловдив” на која ќе учествуваат македонски и бугарски талентирани деца и младинци.

Отворањето ќе се одржи на 3О.О6 во 1О.3О часот на Веслачкиот канал во Пловдив во реонот на Дом на млади во Пловдив.

мбм

„Малиот Монмартр” е традиционална манифестација во организација на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” од Битола веќе 41 година, а истата за прв пат целосно пресликана во формата ќе се одржи и надвор од државата, по партнерство и на покана од основачот и претседателот на Фондацијата „Бугарска Меморија“ Милен Врабевски.

Во рок од 5 дена [ 29.O6. – O3.O7.2O22] над 25 млади уметници од двете земји ќе имаат можност да сликаат традиционална и стара урбана архитектура не само во најстариот жив град во Европа, туку и во Софија каде младите ќе го поминат викендот.

По завршувањето на „Мал Монмартр 2О22 во Пловдив” цртежите ќе бидат подарени на општина Пловдив и општина Софија кои се поддржувачи на проектот, а чиј партнер е и Културно – информативниот центар на Република Бугарија во Македонија.

На крајот од секој „работен ден” ќе се доделуваат награди за најдобрите четири дела создадени во текот на истиот додека на крајот од ликовната детска колонија најдобрите 8 учесници ќе добијат специјални подароци обезбедени од Фондацијата „Бугарска Меморија“ која е домаќин на настанот.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…