Лузните не прават човечни, предметни, но и чувствителни. Мигот кога ќе го разбереме системот и нашето одбивање да се вклопиме во некои исклиширани правила, е мигот кога молчиме или сме толку гласни, без едвај збор да изустиме. Миг кога ја бараме смислата, а неа никаде ја нема!

FB IMG 1647939943762

Притисок за да не oстанеме сами, притисок за свадби, венчавки, зурли, тапани, кредити, кравати, безредие, менталитет. Притисок за да откриеме што е она што од малечки толку ни го објаснуваат, а го крстиле ,,љубов”, притисок дека целиот тој животен концепт и опус треба да изгледа совршено, во бел фустан и брендирани чевлички, без капка дожд на главата и ни еден облак.

FB IMG 1647939961061
FB IMG 1647939950350
FB IMG 1647939907649

Притисок да го прифатиме општественото налагање за склопување на бракови, семејства, деца.. можеш ти тоа. Жена си. Можеш ти тоа. Човек си! Можеш ти тоа! Ајде до каде си? Требаше до сега внуци да гледаме. Или и за друго: Како смееш да не го знаеш тоа? Јас како што ќе речам, така ќе биде! Ќе почекаш! Притискај! Можеш ти тоа! Притискај!
Притисок за задолжителен дебел слој на пудра што ќе ги прикрие подочниците од немање сон, од губење на пријател низ солзи, притисок од она што го сакаме, а го немаме и башка сите се мудри и знаат да не потсетат на тоа. Притисок да молчиме пред рушениот асвалт, институции, погрешна операција, абортус, каење, анксиозност, ментална несигурност. Притисок пред телото кое според претставата, би рекле дека е составен дел на нашиот ум!
,, Диши, диши! ”

FB IMG 1647939879706

,,Сакаш да ми влезеш во мозокот? “, прашуваат актерите мислејќи на заклучокот дека и не е баш убаво на тоа место… Во главата, умот, мислите на било кој. Имаме една фасада, а всушност она што е внатре под тие парчиња облека е она нешто на кое никогаш не му е сеедно од она што е. Имаме толку соништа, аспирации, фантазии, размислувања. А овде? Можеме ли јасно, гласно, да викнеме за неправдата што ни пречи, за ставот кој го притискаме.

,,Малиџано” е емотивен театарски ролеркостер кој задолжително мора да го гледате, чувствувате раздробите, уживате. Од урнебесна громогласна смеа до солзи кои прашуваат многу подпрашања за нашиот живот тука, сега и овде.

Актерската екипа низ маестрална, би рекле искреност, ни ја доловија цела таа приказна на обичниот човек, маж, момче, жена, мајка, девојка. На егзистенцијата на луѓето во овој суров свет.

Со примеси на гротеска и иронија, претставата го освежува клишето на класичниот театар, ставајќи ги во фокусот неколкуте теми: борбата за родова еднаквост и женски права, менталното здравје и капитализмот.

Малиџаното пак, кое како што вели и дообјаснува режисерката Ристевска, е гастрономско – социолошки феномен, што во себе ги обединува сите карактеристики на нашето живеење.
,,Малиџаното е симбиоза помеѓу иронијата и трагедијата, а зборот малиџано мене ми асоцира на рингишпил и на Италија. Ми асоцира на радост” – констатира Ристевска.

FB IMG 1647939888324
FB IMG 1647939930674
FB IMG 1647939924838
FB IMG 1647939898260

Како лаички перцепиенти од публика, сфативме дека токму исмејувањето на она што денес го нарекуваме,, живеење”, ироничниот пристап и шеговитоста на наша сметка, се токму тој никулец или зародиш на нашиот инстинкт за преживување во светов кој не се откажува и одново ни дава надеж.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…