Книгите се подобри пријатели од луѓето.
Тие само даваат, а не бараат ништо.
Фрајхер фон Минхаузен, германски писател

Битолчаните секогаш знаат дека книгите се нивните најдобри пријатели. Затоа ние во изминатиов период им овозможивме да другаруваат со најчитаните светски наслови, а тие ни возвратија со редовна посета на нашата Библиотека.

Читателите од секоја категорија се дружеа со жанрот кој нив најмногу им одговара.

Но, секоја посета на нашата библиотека не останува незабележана, па затоа НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година ги наградува најредовните читатели.

Секој читател е посебен за нас. Секое нивно доаѓање и изнајмување на книги од нашата библиотека ние решивме на симболичен начин да ја наградиме и оваа година.

Добитниците на наградите се поделени во неколку категории и тоа:

– Читатели на годината од категоријата возрасни со најмногу изнајмени книги во 2021 година се;

1. Жанета Тошеска;

2. Сане Момчилов;

3. Анастасија Шалевска

4. Розитка Тодоровска

5. Владо Ивановски

6. Ратка Дајовска

– Во категоријата Најмлад читател со најмногу изнајмени книги е Петар Велевски;

– Категорија основно образование, добитник е Марија Јоновска;

– Категорија средно образование, добитник е Марија Стојановска;

– Категорија студенти, добитник е Марија Митревска

Од најмалите читатели па се до највозрасните, во сите категории, најредовните читатели ќе бидат наградени на 25.03.2022 година во 11:00 часот во просториите на библиотекатa (втор спрат – сала за промоции).

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…