maja naslovna

Новинарката Маја Богоевска е годинешниов добитник на престижната награда за новинарство „Тоде Петревски“ која ја доделува „Битолски весник“ во чест на едно од најзвучните и најдостоинствени имиња на македонската новинарска сцена токму битолчанецот Тоде Петревски кој имаше импозантна новинарска кариера од светски калибар.

Богоевска истакна дека време е да се врати достоинството на професијата за да се каже: новинар – колку гордо тоа звучи.

Голема е честа за мене што ја добивам наградата која го слави името и делото на доајенот на битолското и македонското новинарство, Тоде Петревски, синоним за храброст, пример како треба еден новинар да се бори за вистината. Изразувам огромна благодарност до семејството на Тоде Петревски и нашиот хроничар „Битолски весник“. Оваа награда ја чувствувам како залог да се борам, особено против полуписмените, кои го киднапираа новинарството и ја унаказија професијата новинар заради лични интереси. Да се борам во просторот каде манипулацијата со вистината е огромна – интернетот. Затоа знаењето и искуството кое сум го стекнала овие две децении, ревносно и несебично го пренесувам и ќе го пренесувам на младите генерации – истакна новинарката Богоевска. Во моментов, Богоевска е главен и одговорен уредник на веб порталот Читај бе. Таа зад себе има дваесетгодишна богата новинарска кариера, а истовремено е и обучувач на млади новинарски кадри и постојано е во тек со современите светски новинарски текови, кои наголемо се глобализираат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…