387627735 746142863511824 7595735563612939029 n

Патувал долго, патува цела вечност, и ќе патува уште повеќе… Од пред еден век, патува, до нашата денешница. Годината која го заокружи векот од раѓањето на човекот кој е “мајстор на јазикот”, “чист лиричар” и “роден поет”, Педагошки факултет од Битола при Универзитет “Св. Климент Охридски” ја одбележа со незаборавен настан, во соработка со Македонско научно друштво – Битола и Културен и информативен центар – Битола.

393075499 745019307512039 4632196049931809257 n

Под водство на професор д-р Силвана Нешковска студентите од студиските програми Англиски јазик и книжевност и Македонски јазик и книжевност, организираа литературно читање со наслов “Во книжевниот универзум на Ацо Шопов”. Книжевното патување, започна со виртуелно обраќање на Јасмина Шопова, која ја доближи магијата на Ацо Шопов, а студентите  продолжија со неговата биографија и литературна критика за неговото дело. Присутните уживаа во нарацијата на дел од неговите раскази и ја почувствуваа моќта на неговата поезија, на македонски и на англиски јазик. Избраните зборови ја разбудија важноста на гласната Тишина, а истите беа обогатени со безвременска музика за која беа задолжени ученици од Музичкото училиште во Битола.

Шопов рекол дека, “Прашањето за човековото постоење нѐ тера кон откривање на нови значења на зборот, кон нови содржини, нови асоцијации, нови соодноси.” Низ оригиналните преводи кои беа интерпретирани од студентите, се создаваа толку значења колку што имаше и луѓе. Спојот на два јазика, во една приказна, како небесен појас ги поврза сите присутни, затоа што “светот не е поголем од збор што од секаде моќно се огласува.” Ацо Шопов патувал по невиделини, за да ни го раздени Зборот, низ немири и многу светови – обедини, со неговата песна над песните. “Очи”, “Песна”, “Ќе те сретнам после многу лета”, “Утре”, “Aко сведнам некогаш глава”, “Црно сонце” добија нова димензија, а интимистичкото во јазикот, го исполни просторот со бранови од емоции.

396574050 2610009686041882 2326856239142370971 n

Концептот на настанот ја потврди човековата потреба за убав збор и поезија што живее во незаборавот. А содржината, покажа дека зборот граници нема, а целта на настанот беше што повеќе луѓе да го почувствуваат Зборот на Шопов. Песната и годините, ги израмни сите во душата, преку довербата и мотивот кои професорката Нешковска безрезервно им ја даде на студентите, истакнувајќи ја суштината на преведувачката и тимската работа.

Со неговото богато творештво подари Биднина, а во аманет ни остави – да бидеме подобри. Само така, сите предмети ќе прилегаат на сказна, па велиме: невозможно, колку е сè убаво.

400143204 1181160249512089 8253699888157100036 n

(подготвено од Ева Нешковска, студент на МЈК, 3-та година при ПФБТ)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…