slika bile

Македонскиот современ јазик во првата четвртина од дваесет и првиот век е исправен пред бројни предизвици кои се предизвикани од  политичките, општествените и економските превирања и од неговите активни говорители. Јазичната контаминираност на која е изложен македонскиот современ јазик не е резултат само на бројните историско-општествени транзициски текови, туку и на свесноста на говорителите за јазикот, така што, не може одговорноста да се бара еднонасочно, туку и кај институциите на кои им е предмет за заштита и истражување македонскиот јазик, образовните институции, издавачките куќи, медиумските куќи и кај активните говорители на македонскиот јазик.

Културата на читање во Македонија, години наназад полека се зголемува, благодарение на атрактивните преводи, но уште го имаме горчливиот проблем – да се поддржат македонските автори, т.е да се читаат нивните дела. Годиниве наназад излегоа многу квалитетни четива од млади македонски автори. Од друга страна, едни автори кои се бројат на една рака се гласно извикани, а не е секогаш поради книжевната вредност, а во внатрешноста на Македонија има автори кои создаваат сјајни дела со посебен наратив и лексичко богатство, но не можат да се догребат до издавачка куќа, ни до соодветен маркетинг на делото. Овие дела најчесто ги финансира самиот автор од сопствениот џеб, а оваа навика направи секој да може да си го испечати соспственото дело, неважно дали ги исполнува книжевните и јазичните услови, така што се создаде хаос, кој долго време ќе не може да се среди.

Лошиот превод и несоодветната јазична лектура на книгите, особено во делот со личните имиња и фразеологизмите, го убива квалтетот на книгата. Добро изработената корица не секогаш содржи во себе квалитетно уредено четиво.

Некогаш медиумите беа пример како правилно се говори и пишува македонскиот современ јазик – денес ни се претставува скопскиот дијалект како доминантен, исклучување на третосложното акцентирање и губење на акцентските целости во македонскиот телевизиски национален и регионален простор. Со немање на соодветна законска регулатива и тоа што секој секогаш може да отвори интернет страница – не само што е зголемено пласирањето на лажни вести, туку и на вести од типот „сакам кажам – не знам речам“, така што општиот впечаток е дека секој прави што сака и пишува што сака и како сака.

Критичката книжевно – лингвистичка јавност скоро да е отсутна од културната сцена на Македонија, а таа што ја има е прилично необјективна и наклонета, а тоа му оди во прилог на културниот консумеризам и квантитет кои се во спротивност на македонскиот морален јазичен идентитет чиј историски и општествен тек е токму бранењето на македонскиот јазик под секакви притисоци, пропаганди, за денес, кога конечно го имаме признат со закон и норматив – токму македонскиот јазик е најмногу потиснат од туѓите најразлични влијанија, а неговите активни говорители тврдат дека е сиромашен јазик – но, ова тврдење го отфрлам како невистина бидејќи корпусот на македонскиот јазик сè уште не е дообработен, бидејќи кај нас нема пари за наука. Сепак, говориме за јазик, а јазикот е природен феномен, недостига постојано јазично истражување и вметнување и надополнување на нови зборови во Речникот на македонскиот современ јазик и промоција на македонските автори – бидејќи најдобриот начин да се усвои македонскиот јазик е преку читање на македонска книжевност создадена од македонски автори, а тука спаѓаат и аудиовизуелните уметности од македонски уметници – не можеме да се движиме напред како општество со нешто што било актуелно пред дваесетина години –  сè тече, сè се менува – борбата за македонскиот јазик продолжува.

Промоција на книгата „Низ детските очи“ од Маја Богоевска на Светскиот ден на книгата
„Каде што зборовите не успеваат, приказните зборуваат“ – духот на детската литература, …
Битола во фокусот на светскиот театар: стартува 27. Фестивал на монодрама
На денешната прес-конференција беше претставена програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…