Sequence 08.06 41 08 45.Still032

Во Културно информативниот центар Битола, Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ”, организираше Божиќен и предновогодишен концерт, кој ова хрватско друштво традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура во нашиот град.

Sequence 08.06 41 43 47.Still036

Овој пат гости од Хрватска беа оркестарот на КУД „Далмација“ од Дуги Рат, а во рамките на свечената програма беше претставена изложбата на Влахо Бранѓолица, „Каламота – светлина на крајот на кругот“, како и настапот на ученички од Државното музичко училиште од Битола.

Sequence 08.07 07 01 25.Still098

„ Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“, изјави Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен центар.

Sequence 08.07 06 25 33.Still092

Во публиката како и на секоја манифестација имаше Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура. Пред присутните се обрати и директорката на КИЦ, Лили Бошевска која ја поздрави оваа македонско хрватска соработка и ја истакна радоста што со претставниците од Дуги Рат се запозна ова лето со посетата таму, при која беше воспоставена соработка и помеѓу Битола и Сплит.

КУД „Далмација“ има долгогодишна соработка со Хрватскиот културен центар Марко Марулиќ Битола.

„Голема чест и задоволство ни е што сме тука и што презентиравме нешто од нашата програма. Морам да напоменам дека сме воодушевени каква акустика има овој простор. Знам дека битолската публика ги сака нашите песни па ние со задоволство ја прифативме поканата да настапиме овде“, истакна Анте Раљевиќ, претседателот на КУД Далмација.

Sequence 08.06 38 10 58.Still020

Тие со своите изведби ја збогатија културната манифестација во Битола која секоја година се организира по повод претстојните божиќни и новогодишни празници. Во Битола се претставија со далматински и божиќни песни.

Изложбата  „Каламота- светлина на крајот на кругот “ од Влахо Бранѓолица, е посветена на неговиот татко, истакнатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица кој оваа година почина. Изложбата е подготвувана скоро 15 години.

Во програмата исто така во чест на Љубомир Бранѓолица беше и настапот на ученичката Матеа Стојаноска која е во класата на професорката Маја Митровска, во придружба на проф.Доминика Робе Поповска, од Државното музичко училиште, а која ја изведе неговата композциија „Езеро мое“.

Sequence 08.06 38 24 11.Still022

Покрај одржувањето на овие концерти, одбележувањето на хрватските празници, Хрватскиот центар секоја година организира презентирање на македонските уметници и групи во Хрватска.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…