самовила лили нас

Книгата „Самовилата со скршени крилја“  ја добив на подарок од моја поранешна ученичка на која ѝ предавав.  Ми рече: „Наставничке, мене ми се допадна и Вам сигурно ќе Ви се допадне“. Ми ја потпиша и ми ја остави на катедра.  Со Лили, се познававме професионално  и нашата комуникација беше на„ Вие“.  Во меѓувреме се случија куп настани на кои постојано се среќававме и почнавме и неформално да разговараме, ме покани да ѝ бидам промотор на книгата поезија „Алхемија на вечната земја“ која во тој период ми ја погоди лексиката на многу мои  размисли, за кои немав соодветен збор.

„Самовилата..“ ми стоеше на полица…упорно ме зјапаше, но јас ко јас. Има време…сѐ до еден момент кога син ми (4г) ја дофати и ми вели „јас читам“…и почна да ја прелистува, книгата му се виде најверојатно необична, бидејќи е отпечатена во виолетова боја …така продолжив јас да ја читам.

viber image 2023 12 17 11 05 44 692

Лили Бошевска, многу пати имам кажано, е многу скромна личност.  Затоа си земам за слобода, се надевам дека нема да ми замери, нејзините зборови имаат посебна фреквенција, бараат внимение, време, сето она што го нема денешново време.

viber image 2023 12 17 11 05 43 768

„Самовилата со скршени крилја“ можеби е бајка, можеби не. Децата ја толкуваат на еден начин, ние големите на друг. Но, како на некој кому омилена книга му е „Галебот Џонатан Ливингстон“ – Ричард Бах, ќе кажам дека оваа книга е за сите родители кои се уверени дека нивните деца се посебни, за да не им ги предадат на сувопарните случајности на животот и љубопитноста да згине во сивилото на секојдневие.

viber image 2023 12 17 11 05 43 412

Ова што го пишувам, можете да го забележите и во цитатите кои ги издвоив од книгата. Читајте македонски автори!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…