Култниот македонски бенд „МИЗАР“ синоќа на Платото на Офицерски дом во рамките на програмата на Бит фест 2022, настапи пред битолската публика со безвремените песни „Почесна стрелба“„1903“,„Изгорен од оваа сонце“, „Константинопол“ и многу други, потсетувајќи не зошто музиката е едновремено и уживање и идентитет.
„Мизар“ е една од најзначајните и највлијателни македонски групи, чија трага е длабоко врежана во современата македонска култура.
Повод за овој концерт е промоцијата на новото ЦД на групата „МИЗАР“ и прославувањето на 40 години успешно дејствување на домашната, но и меѓународна музчка сцена. Овој концерт, беше можност да се види „МИЗАР“ во целиот свој сјај.