Далеку а сосем тука 71

Претставата „Далеку, а сосем тука“ е авторски проект на средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ која премиерно се одигра на летната сцена на Тумбе кафе.

„Далеку, а сосем тука“ е претстава која низ митолошкото и политичкото минато ќе ве поведе во нашата неизвесна сегашност за да ви пренесе дека секоја пречка во животот е минлива и менлива.

На сцената испреплетени одекнуваат страдањата на жените од војни и насилство, неправдите нанесени врз праведниците низ историјата, болката и љубовта на мајката за своето чедо, доаѓањето на новата мисла, потребата за промена, смената на поредокот и за крај, сенката на несигурната иднина која демне врз сите.

Гимназијалците оваа претстава ја изведоа под менторство на професорката по класични јазици од Горната Гимназија: Софија Бејковска. Целата подготовка на претставата траеше околу седум месеци.

Фотограф: Саше Богоевски

348350276 257464363439219 3759835367371331199 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…

Репортажа од Божиќниот маркет во Нирнберг – вториот по посетеност настан во Германија по Октоберфест

Репортажа на Љубица Петковска Нирнберг е најдобро чуваната тајна на Германија. Вториот…