Делегација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола од 30 мај до 4 јуни 2О23 година е во посета на Франција (Париз и Троа) по Покана на УНЕСКО.
Имено на овогодинешниот конкурс и изложба на светски детски ликовни дела од млади талентирани уметници која е 30 јубилејна освоени се 20 признанија – 13 награди, а три ученици се меѓу топ 10 млади уметници во светот во својата категорија.
Усобено значаен успех е посебното признание кое УНЕСКО и го додели на организацијата – Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола за својот јубилеј – 55 години постоење од кои 30 е редовен учесник кој е секогаш наградуван без прекин и единствен македонски амбасадор во светот.
Во име на организацијата посебно признание за менаџирање во работата со млади ликовни уметници и таленти доби и претседателката на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола – Елена Хаџи-Антоновска која цел свој работен век од 28 годишно искуство го посвети на организацијата.
Студиото по финансиска поддршка од донации од својот Претседател на МУО и Претседател на комисијата за развојни програми со ЕУ и УНЕСКО – Милен Врабевски – лична донација на Претседателот на Македонија – Стево Пендаровски и најавена поддршка од Министерството за култура на Македонија која се реализираше во последен час, реши да патува во Троа – Франција со ученичката Валерија Костовска со оглед на тоа што таа го има освоено престижното трето место – бронзен медал во годишната категорија од 14 – 17 годишна возраст.
Претседателот на Управниот одбор Славчо Неделковски во Париз одржа работен состанок со Генералниот Директор на УНЕСКО на кој се разгледаа можностите за ставање на најстарите и најголемите детски светски ликовни манифестации кои ги организира Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј под закрила на УНЕСКО.
Така светската детска ликовна изложба по конкурс “Битола” и светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” ќе започнат постапка за нивно позиционирање на светската култура мапа како движно културно наследство.
Во Троа – тече изложбата на Светскиот младински уметнички институтот – Центар за УНЕСКО со седиште во Троа Франција каде раководството на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола со ученичката имаа средби и состаноци со претседателот и директорката на оваа манифестација.
Беа истакнати аспектите од огромно значење од постоењето на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола и неговата индиректна поврзаност со Монмартр кој е интегрален дел од називот на манифестацијата “Мал Битолски Монмартр”.
По покана на директорката и претседателот вечер делегацијата на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола ќе има официјална вечера, а утре ќе е дел од свеченоста на доделување на наградите и признанијата.
Во меѓувреме највисоко рангираните дела на млади ликовни уметници согласно прописите синоќа беа ставени на аукција со отстапување на авторските права за реплики кои би произлегле од нив. Делото на Костовска беше едно од ретките кои на донаторската вечер не само што ја постигна предложената цена од 5ОО€ туку заврши со откуп од 7ОО€ финансии за кои Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола одлучи да ги отстапи на УНЕСКО со цел помош на организации и поединци кои не се во можност да ја посетат оваа манифестација. Инаку, аукцијата беше онлајн и во живо и на неа учествуваа општественици – бизнисмени – филантропи и јавни личности од Франција.
Воедно основачот на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола – светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски официјално на покана на Република Франција бил три пати во службена посета.
Првата посета на Париз на Хаџи-Антоновски е во 2003 година кога е добитник на наградата на Француската амбасада во Република Македонија што се состоеше во седумдневен престој и работа на вистинскиот Монмартр во Париз.
Наградата беше за ликовниот педагог Коста Хаџи-Антоновски и ученик од Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола и се реализираше во периодот од 12 – 19 март 2ОО3 година.
Ученикот на Хаџи-Антоновски под негово менторство сликаше стара архитектура на Монмарр а делата беа изложени во најпознатите приватни ликовни галерии во Париз – Галерија на железото каде што беше отворена и изложба од наслов “Бисерите на Малиот Битолски Монмартр.”
Втората посета на Франција е по Покана на градот Париз во 2ОО4 година каде на свечена церемонија е Награден со највисокото признание Медалот на честа на градот Париз.
Една година покасно во 2005 година е повторно награден на Фестивалот Монмартр на Европа – Париз за голем придонес што Малиот Битолски Монмартр го даде за мултимедијалниот фестивал Монмартр на Европа што и се реализираше во Париз.