Со помош на кран, концертниот клавир Bösendorfer, денеска од просториите на Завод и Музеј Битола беше пренесен и поставен во концертната сала на Офицерскиот дом во Битола. На овој начин, една од најакустичните концертни сали во регионот, повторно оживува и ја добива својата вистинска функција.

Овој концертен клавир е донација од страна на Трифун Костовски за градот Битола за потребите на Фестивалот на класична музика „Интерфест“.

kl 8 min
клавир

Постапката на пренесување на клавирот, кој тежи половина тон, но е и многу вреден, ја вршеа ангажирани професионалци се со цел клавирот неоштетен да може да биде поставен во салата. Ова беше единствениот начин за внесување, бидејќи скалите кои водат до салата се тесни и кружни, објасни Лили Бошевска, директор на ЈОУ КИЦ Битола.

Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом  на ЈОУ КИЦ- Битола, прераснува во еден од најекслузивните концертни сцени за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство, истакна Бошевска.

o1 min

Љубителите на класичната музика, со нетрпение го очекуваат годинешното издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, а одржувањето на фестивалот во овој објект беше дамнешна желба на организаторите на фестивалот Милица и Кирил Рибарски.

 

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…