Во рамките на ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 во Битола беше одржан промотивен настан за проектот ЕНТЕГ – ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ.

viber image 2022 12 15 15 51 33 598

Општата цел на проектот е да се промовира на одговорен и интегриран начин, обуката за претпиемништво на дипломирани студенти со високо образование со цел:

-Подобрување на претприемничкиот начин на размислување на младите дипломирани студенти з да им се овозможи да бидат самоуверени и покреативни во се што ќе преземат и да ја подобрат нивната конкурентност кај работодавачите;

-Поттикнување иновативни старт ап бизниси;

-Подобрување на нивната улога во општетсвото и економијата.

viber image 2022 12 15 15 51 44 400

„Основна цел на овој настан да ја запознаеме јавноста со активностите на проектот, но и да го објавиме јавниот повик за учесници во проектот. Н аовој начин младите полесно ќе најдат работа и ќе можат да започнат сопствен бизнис, Се работи за дигитана иновативна лабораторија за претприемачко учење која ќе се спроведува од двете страни на границата“, изјави Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

viber image 2022 12 15 15 50 52 098

„Ние сме одговорни за овие дипломци за тие подобро да се претставата и како да дојдат до вработување. Ова е проект за економската поддршка на овие млади и да се помогне младото претприемништво“, изјави Ламбрини Цoли, регионална канцеларија за помош на терциерните дипломци, Грција.

viber image 2022 12 15 15 51 12 338

Во проектот ќе бидат вклучени вкупно 60 дипломирани невработени млади луѓе од двете страни на границата, кои задно ќе го поминат процесот на учење и градење на претприемачки вештини. За таа цел, на промотивниот настан беше објавен и јавниот повик за учесници во проектните активности. Повикот ќе биде отворен до 31 јануари 2023.

Повикот за аплицирање е достапен на овој ЛИНК.

Можат да се пријават млади и апсолвенти до 35 години од Пелагонискиотрегион од различни образовни профили, од уметност до инженерство, да се вклучат во иновативна програма за унапредување на претприемачки вештини каде ќе научат техники и методи за тоа како да развијат бизнис идеја.

Проектот е партнерска соработка меѓу Младински културен центар Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од македонска страна и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија и Техничката комора на Грција оддел Централна Македонија од грчка страна.

Error: Contact form not found.

Со ликовна изложба започна одбележувањето 65 години МНД – Битола
Македонското научно друштво – Битола на 23 април 2025 година го започна …
Јачменот хранлива житарка богата со растителни влакна – клуч за добро варење
Една од најзначајните здравствени придобивки на јачменот е неговата висока содржина на …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…