kekov naslovna

Ваташа е село во кавадаречко, а пејзажите се дел од Македонија – така ја доживеав  изложбата насловена „Пејзажи од Ваташа“ на Ванчо Кеков поставена во ДЛУБ. Неопходно е некогаш да се прават паралели меѓу уметностите со цел да се добие големата слика. Додека продирав во колоритот на изложените акварели –внимание ми одвлекоа нијансите на зелена и сина боја, моето око наиде на свој подзаборавен предел. Ваташа како предел е дел од македонската историја, книжевност, предел исполнет со мистика во црвен отсјај кој никого кој е свесен не го оставил рамнодушен.  Но, овој збир на акварели содржат надеж: синевина и зеленило, варира агрегатната состојба на водата, де во во зеленилото, де се конвертира во некој облак, ама е присутна. И она што е најважно, оваа изложба мотивира да се посети Ваташа за да се доживее нејзиниот бит зад кулисите на носталгичниот акварел.

„Акварелите на Ванчо Кеков нѐ навраќаат во едно  библиско време кога пејзажот одново извира и се оформува од водената површина. Овие колоритни дамки излезени од сончевиот спектар ја чистат рожницата од визуелната загаденост на современото општество. Пејзажите од Ваташа се едно носталгично спомнување за местото на човекот во светот и неговиот природен амбиент. Низ овие призматични дела се прекршува визијата на утопиското секојдневие откривајќи ни моменти на реални благосостојби“ пишува за изложбата претседателот на ДЛУБ – Васко Ѓоргиев.

Ванчо Кеков е оден во Кавадарци. Завршил средно уметничко училиште отсек графика и Факултет за ликовни уметности во класата на Трајче Блажевски и Фехим Хусковиќ.

Работи како професор по ликовни уметности во гимназијата во гимназијата „Добри Даскалов“ – Кавадарци.

Активен член е на ДЛУМ, ДЛУБ и ДЛУК. Учесник е на повеќе ликовни колонии во Македонија, Бигарија, Босна и Херцеговина. Самостојни изложби: Кавадарци, Неготино, Охрид, Битола и Велес.

meblo trejd - k elementi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…