eva nalovna

Младата скијачка од Битола, 16-годишната Ева Милевска уште од мали нозе покажува дека талентот, желбата и упорноста можат да доведат до исполнување на соништата и големи успеси. Таа во моментот е битолската гордост на белиот спорт, со една од најуспешните сезони зад себе. Злато во Грција, бронза во Босна и Херцеговина и во Србија.

За Читај бе вели дека скијањето е вклучено во сите нејзини идни планови, а нејзината наредна цел е да има успешна прва сезона во скијањето за возрасни.

Ева е инспирација е за сите млади да не се откажат од нивните соништа и планови, затоа што треба малку повеќе да се потрудат за разлика од другите. Челичната волја и љубовта кон скијањето се доволен мотив да се тренира на француските и австриските Алпи, да се нижат успеси, а притоа да не се запостави ни училиштето.

Поразговаравме со Ева за љубовта кон скијањето, тренинзите, чувството пред да се спушти по ски-патеката, поддршката од семејството, нејзината мотивација…

332063141 583314723732504 6050861511259932328 n

Читај бе: Ева, и оваа сезона продолжуваш со твоите успеси. Последното искачување на пиедестал беше во Грција на меѓународната FIS Children трка каде го освои првото место, а претходно во Сараево исто така во дисциплината велеслалом ја освои бронзата. Може ли да ни кажеш како помина оваа скијачка сезона за тебе? Каде сé настапуваше?

Ева: Изминатата сезона ми беше најуспешна сезона која до сега сум ја имала, бев со злато во меѓународната трка во Грција во дисциплината велеслалом, со бронза (супер велеслалом) и сребро (велеслалом)  во Босна и Херцеговина, уште една бронза во Србија (слалом).

332842807 898631067852524 6332071570974884700 n

Читај бе: Како се појави љубовта кон скијањето? Кога и каде прв пат застана на скии?

Ева: Љубовта за адреналин и брзина ја имав од мали години, а тие две работи ги најдов во скијањето кога прв пат застанав на скии на четири години во ски центарот на Битола, Копанки каде што по пет дена на снег се одржа и национално првенство за детско скијање. Поголемите деца ми дадоа визија и без размислување на моите родители им кажав ,, Ова е тоа, сакам да скијам професионално”.

333089164 2168638170191702 1549430993343528141 n 1

Читај бе: Оваа скијачка сезона овде во Македонија не беше многу задоволителна, но кондицијата мора да се одржува. Каде обично тренираш, скијаш, во кои скијачки центри?

Ева: Скијањето не е веќе спорт каков што беше пред триесет години, да чекаме од природата да ни подари снег. Сега скијачите низ светот го бркаат снегот триста шеесет и пет дена во годината. Преку лето и есен тренирам на француските и австриските Алпи. Пролетта е годишно време каде што ја градиме првата основа за сезоната каде што се пoдготвуваме физички и ја градиме ,,одличната” форма. Ако имаме можност и ако времето ни дозволува одиме и на некои поблиски ски центри на Балканот.

ева

Читај бе: За скијачите од Битола, Пелистер е прва љубов. Ти си и член на Скијачкиот клуб Пелистер. Како се чувствуваш кога скијаш на Копанки?

Ева: Македонија не е толку позната по скијањето и не ни е во културата на живеење, но кога ќе скијам слободно на Копанки ги полнам своите батерии и се потсеќам на моите сништа и цели кои ми даваат сила за да продолжам уште повеќе и дека можам да успеам.

Читај бе: Може ли да ни кажеш, која скијачка патека ти оставила најмногу впечаток? И која е најтешката патека која си ја извозила?

Ева: Патека која ми оставила најмногу впечаток е онаа на која се возеше машкиот спуст на Олимпијадата во Сараево 1984, каде што ние возевме супервелеслалом и каде што прв пат развив брзина од 77km/h. Најтешка ски-патека која сум ја извозила е велеслаломот на „Томба“ во Банско, каде што се вози и светски куп.

334667846 582759467246698 6819949550774624338 n

Читај бе: Ти си средношколка која мора да го наоѓа балансот меѓу спортот и учењето. Како успеваш во сето тоа? Колкава е поддршката од семејството?

Ева: Поддршката од семејството е на највисоко ниво, тие се мојата мотивација и ветерот што ме турка. Безпрекорно сум благодарна што имам фамилија која што верува во моите соништа и ме гледа како ги остварувам. Балансот помеѓу училиштето и скијањето е една од најтешките работи во спортот, во ни еден случај не смее едното да е изоставено. Јас сум ученичка во приватното училиште САБА и нормално без нивна помош немаше да можам да се чувствувам дека можам да бидам и успешен ученик и успешен спортист.

333628917 775733370584011 3249532493824404022 n

Читај бе: Што размислува еден скијач пред да се спушти по патеката кога се натпреварува? Како се концентрираш, што ти помага? Што е потребно да се одржува натпреварувачкиот дух?

Ева: Моите мисли пред старт се смирени и средени, но има денови каде што паниката ќе преовладува, но мотото кое ме одржува е ,,full gas”. Самодовербата е дефинитивно нешто што најмногу ми го промени скијањето. Јас мојата самодоверба ја поправив во Србија после третото место и цело скијање ми беше поуспешно и побрзо со подобри резултати од трка во трка.

ева 1

Читај бе: Ева, ете за оние кои никогаш не застанале на скии, објасни го какво е чувството да се скија…

Ева: Кога само ќе ги ставам скиите под мене се враќам во оној свет каде што среќата ми е на 100% и најдобар збор да го опишам скијањето се крилја на слобода.

333603104 1399196030866230 5832846398249714026 n
Ева со Ивица костелиќ

Читај бе: Кој е твојот скијачки идол?

Ева: Мојот скијачки идол е Микаела Шифрин која ја испиша новата историја на скијањето со најмногу победи во светски куп.

Читај бе: Каде се замислуваш во иднина и дали скијањето е вклучено тука?

Ева: Скијањето е вклучено во сите мои идни планови, но низ годините сфатив дека подобро и поуспешно е да си задавам цели од година во година. Мојата наредна цел е да имам успешна прва сезона во возрасното скијање каде што скијањето навистина започнува.

Читај бе: Покрај скијањето и училишните обврски, што друго сака да прави Ева? 

Ева: Хоби кое ми е опуштање е готвењето и пишување на есеи, тие две работи исто така ми помагаат да избегам од реалноста.

333147322 1209106646666668 7462917098691275323 n

Читај бе: И за на крај, што е она што би сакала да им го порачаш на битолчани?

Ева: За секој од Битола им порачувам – иако сме од мало место, соништата никогаш нема да ни се мали и дека имаме срце за спортот вродено во нас. Нашата граница треба да е небото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…