никола ин мемориам

На 90 годишна возраст почина писателот Никола Кочовски од Битола, член на МНД Битола и Друштво на писатели на Македонија, дел од Роднокрајната средба на битолските писатели при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Својот работен век го помина како наставник по македонски јазик.

Зад себе остави богато книжевно наследство, неговиот двотомен роман „Малата Билја“ 1969 е дел од македонската книжевна класика.

Битна одлика на романескното кажување на Никола Кочовски е психоанализата на обичниот човек, кој секогаш има доволно причини, па и можности, психолошки да се оптовари себеси, оптоварувајќи ги на тој начин и другите околу себе. Објавил бројни дела меѓу кои: „Зарезготини“, раскази,1970, „Вознемирена совест“, раскази, 1974, „Бреме“, роман, 1981, „Дичовица млада невеста“, драма, 1984, „Родната грутка“, раскази, 1995, „Без свое јато, роман“, 1999, „Исконскиот дар“, роман, 1999, „Омразениот цвет“, роман, 2000, „Времето на татковците“, раскази, 2001, „Растко“, роман, 2002, и збирките раскази „Нов бран“, „Јаве и сништа“ и бројни други творби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…