RZOC

На 02.02.2023 година по повод 4 февруари – Светскиот ден на ракот, се одржа предавање на тема: „Информирај се колку е битно женското здравје“. За таа цел беше присутен специјалистот гинеколог и акушер, д-р Михајло Вангелов. Во позитивна, опуштена и пријателска атмосфера заедно со присутните разговараше на повеќе теми поврзани со женското здравје, а со цел превенција од рак на женските органи. Докторот повеќепати ја нагласи потребата од редовна посета на гинеколог, односно еднаш годишно. За време на работилницата, зборуваше на повеќе теми и тоа:

329135652 510469281228110 7668362578369296599 n
  • кога за првпат треба да се посети гинеколог;
  • важноста на матичниот гинеколог и бесплатните услуги кои следуваат со тоа;
  • ризици од добивање на рак на дојка, матка, грло на матка и јајници, начин на ширење и превенција на истите;
  • важноста на улогата на мајките во подготвување на своите ќерки за менструалниот циклус, следењето на циклусот и правилната хигиена за време на циклусот;
  • вистините и митовите околу толкувањето на невиноста кај девојките поврзани со различните типови на химен;
  • достапните контрацептивни средства и начинот на употреба.

Присутните отворија и дополнителни теми и дискусии со нивните прашања, како што се полицистичните јајници, причини за разни физички и ментални нарушувања кај бебињата псоле пораѓајот, постпородилната депресија, појавата на апцеси заедно со начинот на третирање и слични теми.

Активноста е поврзана со специфичните цели 1.1, 1.3, 1.6 од Здравствениот локален акциски план за Роми кој е веќе усвоен од Општина Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…