Доајенот на битолскиот народен театар, Митко С. Апостоловски денеска на 67-годишна возраст го напушти земниот свет и замина кон вечните височини.

Митко имаше еден несекојдневен, далеку препознатлив продорен глас кој само го надополнуваше неговиот огромен актерски талент. Надополнет со неговата единствена појава заедно со смиреноста која беше негова одлика, остави огромен печат не само врз битолскиот театар, не само во неговата родна Битола, туку и врз македонската кинематографија со неповторливите улоги во филмовите како што се: „Трето полувреме“, „Големата вода“, „До балчак“ и уште многу други. А улоги…од Димитрија, до Ристо, неколку улоги како поп…На сцената на битолскиот театар пак брилијантен во секоја можна претстава…а нив, ги имаше многу…

Не секој можеше да остане рамнодушен на неговите прераскажувања во Македонските народни приказни, со неговиот глас им даваше душа, за секој да може да се соживее со случките, поуките, мудростите кои тој ни ги раскажуваше.

Водител на безброј манифестации во Битола, неговиот глас го слушавме и ќе го слушаме и понатаму во различни документаци.

Битолскиот театар денеска се прости од него.

Митко С. Апостоловски е роден на 7 март 1955 година во Битола. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски актери). Почнал да работи во Народниот театар во Битола (1973–1974) и во Народниот театар во Куманово (1980–1995). Од 1995 г. е повторно во Народниот театар во Битола. Улоги: Фезлиев („Црнила”); Војдан („Тетовирани души се враќаат дома”); Креонт („Медеја”); Дидро („Развратникот”).

Слава му!

    Steve Aoki ќе настапи во Битола за Илинден – концерт со бесплатен влез на 2 август
    Светски познатиот диџеј и музички продуцент Steve Aoki ќе настапи во Битола …
    Она што останува кога свадбата ќе заврши: „Унгарска свадба“ – изложба што ја чува традицијата жива
    Постојат фотографии што ја запираат секундата, а има и такви што го …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…