lojalnost naslovna 800x430 1

Постојано сум давал сè од себе за луѓето до кои ми е грижа. Бев тука во најтешките моменти, нудејќи поддршка, разбирање и несебична љубов. Не очекував награди, ниту признание – тоа не беше причината поради која останував. Но, со текот на времето сфатив нешто важно: лојалноста не значи да се жртвуваш бесконечно без да добиеш ништо за возврат. Секој има граници, па така и јас. Кога тие граници ќе бидат преминати премногу пати, лојалноста се претвора во рамнодушност.

Затоа…

Не ме доведувај до точка каде што повеќе нема да ми биде грижа. Јас сум посветен и верен, но имам свои граници. Ако постојано ја ставаш на тест мојата трпеливост, разбирање и оддаденост, ќе сфатиш дека можам да бидам исто толку рамнодушен како што ти изгледаш. Ова не е закана, туку вистина.

Секогаш сум бил покрај тебе – те поддржував, те мотивирав и ти бев потпора, дури и кога тоа не го заслужуваше. Никогаш не барав ништо за возврат, затоа што такви се луѓето што навистина се грижат – тие остануваат, се вложуваат и безусловно даваат.

Но, лојалноста не е безгранична. Таа има свој праг, очекувања и потреба од почит. Ако постојано ги преминуваш тие граници, не ги вреднуваш моите чувства и ја земаш мојата посветеност здраво за готово, мојата оддаденост полека ќе исчезне – сè додека целосно не ја снема.

И кога ќе дојде тој момент, немој да бидеш изненаден, ниту повреден. Ќе имаш имано доволно можности да покажеш дека ме цениш, дека ја признаваш мојата верност и дека разбираш колку е значајна. Но, ако продолжиш да ме занемаруваш, да ме користиш и да не го вреднуваш тоа што го давам, не очекувај да останам засекогаш.

Д-р Рајовиќ: Има само еден начин да се доведе во ред луто и разгалено дете
Д-р Ранко Рајовиќ е доктор, невроендокринолог, основач на Центарот „Никола Тесла“, одделот …
Раскажи ми приказна: Хесе во Магарево
Во летото 1943-та Херман Хесе дошол на поседок во Магарево (село во …
meblo trejd cestitka
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…