man live

Живееме ли онака како што сакаме или пак онака како што мораме? Живееме ли следејќи го шаблонот или сами си ја кроиме иднината? Сте се запрашале ли на моменти – можев ли поинаку, можев ли подобро? Дали е овој животот кој го сакам?

Вистината е дека животот е тој, еден и единствен. Кога има проба, премиерата е совршена. Но, животот има само една премиера.

Ви се случува ли често да заглавите во минатото? Да се обвинувате за погрешни одговори, погрешни зборови, погрешни луѓе? Немојте повеќе да го правите тоа. Престанете да живеете во минатото.

girl g15c3794bf 640

Ви се случува ли често да правите планови за иднината? Да се жртвувате себеси, блиските, здравјето во име на она што сакате да го реализирате? Правете планови, но немојте да се оптоварувате.

Живејте сега, во овој момент, во сегашноста. Минатото нека ви биде лекција, а иднината мотив. Но, животот нека ви биде сега.

Нема полошо од оние магливи денови кога не сте ни среќни со својот живот, но не сте ни несреќни. Немате чувства, немате порив, главата е празна, очите лутаат. Одите по една патека и гледате само надолу. Колку и да се чувствувате бекорисни, беспомошни во тој момент, сетете се дека сега е време.

woman gc316b3ec2 640 1

Немојте да ги туркате работите за потаму. Од утре. Не го чекајте вистинскиот момент. Чекајќи го него може да ве чини многу изгубено време, за кое повторно ќе жалите. Затоа што ние самите си го создаваме вистинскиот момент. А моментот секогаш е сега.

Ако се борите против времето, ќе изгубите. Ќе ве победи. Затоа здружете се со него.

Заборавете на совршеноста. Не бидете перфекционисти. Доволно ќе биде да знаете дека сте дале сè од себе.

girl g15b14cfb2 640

Немојте да се жалите од ништо. Затоа што колку повеќе се жалите, толку повеќе ништо нема да ве прави среќни. Она што е неизбежно прифатете го, другото пробајте да го гледате со поинакви очи.

Не го игнорирајте она што ве мачи, соочете се со него.

За среќа е потребно само смирено срце и бистра мисла. За среќа е доволно фактот дека живееме, сега и овде. Бидете благодарни на секој нов ден.

Како да се гледа на некои негативни работи во животот, укажале многу мудри луѓе. Еден од нив е персискиот поет Руми кој дал прекрасни одговори.

Што е отров?

Сè што е повеќе од она што ни треба е отров. Тоа може да биде моќ, богатство, глад, его, алчност, мрзеливост, амбиција, омраза или било што друго.

Што е страв?

Неприфаќање на неизвесноста. Ако ја прифатиме неизвесноста, таа станува авантура…

Што е завист?

Неприфаќање на доброто кај другите. Ако го прифатиме, станува инспирација…

Што е гнев?

Неприфаќање работи кои се надвор од наша контрола. Ако ги прифатиме, станува толеранција…

Што е омраза?

Неприфаќање на личноста таква каква што е. Ако ја прифатиме личноста безусловно, тоа станува љубов…

JK Travel
10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…