monmartr05

Учениците на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола постигнаа огромен успех на 22. издание на Светската детска ликовна изложба по конкурс, организирана од Министерството за образование и наука на Романија, Општина Липова и Детскиот ликовно-креативен клуб од Липова.

„Конкурсот во Романија, кој во основа е организиран од тамошното Министерство за образование и наука, ни е еден од побитните во текот на една календарска година, бидејќи знаеме дека жирито е составено од исклучителни експерти во областа на детското сликарство.

На истиот учествуваме сите 22 години колку што трае и редовно сме имале успеси, но овој е најголем досега и сме особено горди на нашите ученици“, изјави Елена Хаџи-Антоновска, претседател на ДЛС.

На 22. издание на Светската детска ликовна изложба по конкурс, во организација на Министерството за образование и наука на Романија, ДЛС учествуваше со 14 дела од 14 свои ученици, од кои 4 се здобија со медали, а 10 со дипломи.

„На конкурсот учествуваа над 20 земји кои формираа фонд од повеќе од 5.000 детски ликовни дела. Ова е само една третина од повикот, бидејќи манифестацијата има три сегменти – фотографија, ракотворби и ликовна уметност, со што бројката на учесници – ученици е значително поголема.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, согласно Билтенот, е единственото кое ја претстави Македонија, на што повторно сме горди, затоа што нè има насекаде и гордо ги промовираме државата и градот Битола.

Изненади бројот на први места, односно златни медали, кои се доделени на две наши ученички, секоја во својата возрасна категорија. Први места – златен медал освоија Стефанија Димитријовска и Леа Стерјев, а освоени се и два сребрени медали од ученичките Ана Марија Спировска и Андреа Ресановиќ.

Темата изминатите години прерасна во традиционална и е насловена „Боите на есента“, а заедно со сертификатите добивме и покана за учество на 23. издание во 2026 година како почесни учесници, поради прикажаниот квалитет во континуитет.

Ова е одличен показател дека Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, иако оставено само на себе, благодарение на тимот – учениците и родителите – функционира одлично по основните постулати востановени пред 58 години. И тоа ни е најбитно“, истакна Славчо Неделковски, претседател на УО при ДЛС.

„Мал битолски Монмартр“ со изложба на прием од Словачката амбасада во Скопје
Изложба на 20 уметнички дела од 15 млади автори од 15 држави …
Човек кој е во прелест се чини дека е во непријателство и војна со сите други луѓе
Архимандритот Рафаил Карелин даде едно од најпрактичните објаснувања за тоа што е …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…