На позицијата десен бек, Еурофарм Пелистер наредните две сезони ќе го има Тунижанецот Усама Хосни. Тој е репрезентативец на Тунис, а бил дел од репрезетацијата кога го освоиле Купот на Африка во Габон во 2018 година, сребрен медал на Купот на Африка во Тунис во 2020 година, сребрен медал на Медитеранските игри во Тарагона 2018 година. Хосни вели дека доаѓањето во Битола е убаво искуство за него.

usama
meblo trejd cesmi 1

„Можноста да дојдам во Македонија и да бидам прв ракометар од Тунис во Еурофарм Пелистер ми ја понуди мојот агент. Тој ми го претстави клубот и амбициите, можноста да се остварат добри резултати во Европа и да се освои македонското првенство. Ова е убава шанса за мене, тотално различно искуство од Франција, каде што играв. Оптимист сум и мотивиран сум за мојот нов предизвик.

Наидов на амбициозна група ракометари. Важно е да се бориме за титулата во Македонија. Го гледав последниот натпревар против директниот конкурент Вардар 1961 минатата сезона. За жал заради мали детали Еурофарм Пелистер ја загуби титулата. Но, оптимист сум дека годинава ќе биде подобро.

Ракометот има традиција на Балканот. Македонија има добра репрезентација, во 2015 година игравме важен натпревар во Полска за олимписките квалификации. Бев најдобар играч на тој натпревар, победивме и благодарение на тој натпревар, Тунис се квалификува за Олимписките Игри во Рио. Традиција е да излегуваат добри ракометари од Македонија, да имате добра селекција. Убав пример за тоа е Кирил Лазаров“, вели Усама Хосни, ракометар на Еурофарм Пелистер.

Усама Хосни (Тунис) – десен бек
17.09.1992

2012-2017 – Клуб Африкан
2017-2018 – Иври
2018-2019 – Понто Комбо
2019-2022 – Истр
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)

    За сите разочарувања кои нé отрезниле…
    Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е моментот на отрезнување. Моментот кога …
    „Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
    Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

    Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

    Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

    Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…