Љубителите на класичната музика денес како дел од Бит Фест ќе имаат можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки од нашиот град, Татјана Божиновска и Билјана Димовска, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 20 часот.

фест

На програмата ќе бидат изведени дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски:

1.      Свита од балетот „Заспаната убавица“

·         Introduction. La fee des lilas

·         Adagio.Pas d’action

·         Pas de caractere

·         Panorama

·         Valse

2.      „Оревокршачка“

·         Ouverture in Miniature

·         March

·         Dance of the Sugar-Plum Fairy

·         Russian Dance (Trepak)

·         Arabian Dance

·         Chinese Dance

·         Dance of the Flutes

·         Waltz of the Flowers

Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 год. во Битола. Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, “ Златна лира”, „Интерфест“ – Битола.Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда „Стефан Трајанов“ на истиот натпревар. Од 2000 год.е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано.

Пијанистката Татјана Божиновска е родена 1980 год. во Битола. Во 2002 год. дипломира, а во 2005  год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 год. ги завршува иДокторски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски.Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција….Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Во 2006 е добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ – како член на триото „Интерарт“. Од 2002 год. е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано.

Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска работи заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика.   Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола (2009, 2020), „Битфест” – Битола (2011, 2013, 2018), „Златна лира”- Скопје (2011, 2021), „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија.  

Во 2013 година го снимаат и своето прво CD.

    Уживајте во Истанбул, градот на два континента за 11 Октомври преку ЈК Травел
    Сите милионски градови имаат свој посебен шмек. Но, Истанбул е навистина нешто …
    Доделени наградите за изложбата „Цртаме за мир“ во чест на Татјана Петрова
    Во НУ Завод музеј беше отворена изложбата „Цртаме за мир“ која е …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

    Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…