375063230 1356269228419351 5000980217763120748 n

Денеска, 6 Септември од 16.30 часот започнува со работа Хелен Дорон центарот на нова локација кој се наоѓа во Пелагонка 2 , 5 кат. Новите простории нудат пријатен амбиент и удобен простор кој релаксирачки делува врз учењето. Нивните програми нудат англиски јазика за сите возрасти и интереси. Затоа побрзајте и закажете бесплатен час и запознајте се со методот или пак приклучете го Вашето дете во групите кои се формираат на телефонот 078/455-804.

Во тек се уписите за новата учебна година. Закажете бесплатен час или приклучете се за ново формираните групи.

  • Група за 4-5 години
  • Група за 6-7 години
  • Група за 8-9 години
  • Група за 10 -12 години

Програмите овозможуваат англискиот јазик да се научи на ниво на мајчин јазик, да се зборува, пишува, чита и раскажува. Внимателно избрани програми според потребите на децата.

375302475 1356269271752680 5360810655681905820 n

„Темелот на нашиот метод на учење е игра ,каде децата ги вклучуваат сите сетила. Додека играат тие учат. Игрите не се само за малите деца. Се што ќе се прилагоди на возраста и интересот на оној што учи , поттикнува радост и љубов, а со тоа и успех. Со нашиот метод учениците го учат англискиот јазик на ниво на мајчин јазик, а фондот на зборови се движи од 650 до над 2000 според возраста и програмата која се изучува. Пишувањето и читањето се развиваат во трајни вештини , бидејќи се меморираат преку вежби и активности кои се привлечни за децата. Секоја програма во себе вклучува патување со другарите каде децата меѓусебно си помагаат, се дружат и развиваат емоционална интелигенција.
Програмите во Хелен Дорон се повеќе од курс по англиски јазик. Тие се подарок за цел живот, врата која ја отвораме , знаење за цел живот. Нов свет кој го креираме со нашите ученици“, вели Весна Атанасова, франшизер на Хелен Дорон во Битола.

375066402 1640118826398433 4573890548719565384 n

Успехот кога се учи нов јазик се темели врз неколку чекори кои треба да бидат испочитувани со цел децата да стекнат знаење:
1.Точно определена програма и метод според возраста и преднзаењето на детето.
2. Метод, богат и разновиден кој е флексибилен , врз кој децата лесно се адаптираат и учат според своите способности и интереси.
3.Јазикот најпрво треба да се научи да се зборува, разбира, да се комуницира за да се премине на читање и пишување.
4. Музика и апликации кои ќе го засилат, расположат и поттикнат детето да истражува и да ужива во процесот на учење.
5. Часовите кои креираат позитивни емоции и атмосфера е од фундаментално значење при процесот на учење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…