Повеќе од 80 ученици денес ја започнаа школската 2023/2024 година која Детското ликовно студио “Свети Кирил и Mетодиј” Битола традиционално како почеток ја организира пред 10-ти септември секоја учебна година низ 55 години од своето постоење без прекин.
,,И покрај најавите дека ние како ДЛС ќе сме во можност за школската 2О23/2О24 година да работиме со не повеќе од 1ОО ученици сепак одзивот при уписниот ден не изненади – дотолку повеќе што е и продолжен викенд па дел од родителите не замолија уписот да го продолжиме и следната сабота на што се согласивме.
Со тоа можам слободно да констатирам дека ДЛС ќе формира најмалку пет паралелки од по 20 ученици со опција и за формирање на шеста. Едноставно аманетот од нашиот основач Коста Хаџи-Антоновски ниту еден млад ликовен уметник да не остане без нега на неговиот талент не задолжува да правиме и надчовечки напори.
Учениците се на возраст од 4 до 18 години и во ДЛС ќе сликаат секоја сабота кога ќе се едуцираат и ќе работат по теми од над 3О светски детски ликовни конкурси на кои ДЛС традиционално партиципира од кои на огромен дел и како единствен претставник на Македонија а секој понеделник и среда ќе се завршуваат веќе почнатите цртежи.” – истакна Томислав Стерјев одговорно лице при ДЛС за ликовни активности.
ДЛС е основано во 1968 година а од 1981 година ги организира најстарите и најголемите светски детски ликовни манифестации – светската детска ликовна изложна по конкурс насловена како “Битола” која во 2О24 година ќе го има своето 42 издание и светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” на која и претстои 43 издание во 2О24 година.
“Фактите говорат дека цврсто чекориме по стапките на мојот татко и дека ДЛС работи со полна пареа. Иако екстремно тешко но со моите соработници останавме доследни на визиите на Кочо па и оваа школска година над 1ОО ученици целосно бесплатно ликовно ќе се едуцираат, а ние ќе се погрижиме нивниот талент да биде видлив на светски рамки преку светските детски ликовни конкурси – изложби и детски ликовни колонии.
Квалитетот некогаш доаѓа и со квантитетот па оваа 2О23 година имавме на светскиот детски ликовен конкурс “Битола” пристигнати пратки од над 65О школи од над 75 држави од цел свет кои формираа фонд од над 4О.ООО детски ликовни цртежи што беше огромна работа и обврска за Интернационалната жири комисија а на Мал Битолски Монмартр 2О23 година имавме над 13О гости кои сликаа 5 дена традиционално староградска битолска архитектура [ при што еден ден целосно го посветивме на Офицерски дом Битола] а по еден ден ја сликаа и архитектурата на стариот дел на Охрид и манастирската архитектура на 1.ООО годишниот Манастир “Свети Јован Бигорски” и со тоа ни оставија фонд од над 4ОО дела.
Веќе говориме за трет ден за колонијата за 2О24 година за посета на Вевчани.” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС.
Светските детски ликовни колонии од кои 9О% се формирани на иницијатива на Хаџи-Антоновски се исто така огромен препознатлив знак за ДЛС. Само во текот на една школска година високи награди а со тоа и покани за учество пристигаат од сите меридијани.
“2О24 година која ние технички ја започнуваме со објавата на конкурсот за светската детска ликовна изложба “Битола” на 2О септември ќе е година во знакот на Франција.
Прво ни следат активностите со кои ја добивме поканата по 7-ми пат од 2ООО година да сме дел од Летните олимписки игри преку ИОК и МОК а кои ќе се организираат во Париз – Франција за каде решивме да се претставиме со Изложба на темата “Поглед кон спортот низ окото на уметникот” а за чија реализација веќе разговараме и со УНЕСКО но и ИОК и МОК со цел изложбата да не биде поставена само во Олимпиското село ами да има посебен чин на свечено отворање на ридот Монмартр.
И тоа ќе се сработи. Потоа ќе следи и посета на УНЕСКО во Троа секако.
Не чекаат работни посети во Европската Комисија по изборот на нов Еврокомесар за млади – култура – образование – наука и иновации и спорт” како и почеток на работниот план за впишување на МБМ во УНЕСКО регистерот.
Веќе имаме потврди за Покани за светските детски ликовни колонии во Хонг Конг [ Кина ] – Романија – Португалија – Бугарија а најавени се и мини детски ликовни колонии кои се во зародиш во Србија – Турција и Албанија но и посета на Индија.
Едноставно календарската 2О23/2О24 година ни е скоро целосно исполнета и ДЛС ќе ги реализира своите Проекти и цели без разлика на сите пречки со кои тековно се соочуваме од оние кои не се среќни што постоиме но и тоа некако ни премина во “традиција”.” – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.