Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола огромен дел од претстојната 2О24 година ќе ја одбележи во знакот на Франција поради што во работна посета на организацијата беше и официјална делегација на градот Епинал предводена од градоначалникот Патрик Нардин, а во придружба на почесниот конзул на Република Франција во Македонија – Калиопа Кривашија – Стилиновиќ.
На средбата раководството ги информираше гостите за трите сегменти во кои организацијата работи и тоа како прво, едукативниот карактер на нега на ликовниот талент кај талентираните млади уметници и талентирани деца низ 55 годишното постоење без прекин и без финансиски надомест за активноста со акцент дека само за школската 2О23/2О24 година веќе имаат над 120 редовни ученици.
Беше истакнат и вториот сегмент. Организирањето на двете најстари и најголеми светски детски ликовни манифестации – светската детска ликовна изложба по конкурс кој гордо го носи името на градот домаќин „Битола” и која во 2О24 година ќе го има 42-то издание и светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” која во наредната година ќе го има своето 43-то издание.
Особено акцент беше ставен на третиот сегмент – 2О24 година во знакот на Франција.
„Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, ако бараме официјален почеток, прва соработка со Република Франција имаше во 2003 година кога по информации и поддршка од почесниот конзул на Република Франција во Македонија – Калиопа Кривашија – Стилиновиќ, нашиот основач – ликовниот педагог Коста Хаџи-Антоновски [ 1935 – 2O21 ] учествуваше на ликовниот конкурс во организација на амбасадата на Франција во Скопје при што освои прво место што носеше работно патување со еден ученик во Париз каде 10 дена се твореше на „оригиналниот” Монмартр.
Хаџи-Антоновски истата година беше и учесник и на светскиот ликовен фестивал за професионални уметници „Монмартр на Европа” каде во 2ОО3 и 2ОО4 е добитник на неколку почесни Признанија за промоција на македонската култура во Франција.
Во 2ОО4 година по оценки на комисијата за заслужни личности на градот Париз – Коста Хаџи-Антоновски го добива Медалот на градот Париз за посебни заслуги за промоција и посебни достигнувања во областа на културата и уметноста а кој се доделува од 1911 година додека 4 години подоцна со Одлука на Владата на Франција во 2ОО8 година Министерството за култура на Франција му го доделува и највисокото признание Орден за уметност и книжевност на Франција кој се доделува од 1957 година со што го издига во рангот на Витез во областа на ликовното и уметничкото творештво и литература [ Одлука на Претседателот Шарл Де Гол од 1963 година ].
Во 2О24 година Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ќе ја посети Франција низ повеќе настани. 31-вата светска детска ликовна изложба по конкурс во организација на УНЕСКО во Троа – учеството на Олимписките и Параолимписките игри во изложба во Париз [ традиционална соработка со ИОК од 2ООО година низ 7 Олимпијади ] и отпочнувањето на постапката за заштита на брендот “Мал Битолски Монмартр” од страна на УНЕСКО со седиште во Франција.” – истакна Славчо Неделковски.
Градоначалникот на Епинал, Нардин беше особено заинтересиран за работата на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола – активностите – манифестациите – состојбите на дневно ниво, како и отворањето можности ученици од Епинал да се учесници и на конкурсот и на колонијата во Битола како збратимен град.
„Ние би сакале да ги имаме информациите од прва рака како да постапиме т.е. поточно кои се процедурите и наши ученици да се учесници прво нели согласно вашите одредби на светскиот детски ликовен конкурс “Битола” а со тоа и можни потенцијални учесници на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” затоа што цениме дека овие манифестации имаат огромни вредности на глобално ниво.” – истакна Нардин.
Раководството на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола најави и работни средби со амбасадорот на Франција во Македонија на кои ќе се конципираат и се поголемите можности оваа година изложбата на тема Олимписки игри да се постави во ликовна галерија на ридот Монмартр, а не само во Олимпиското село, како и учество на што е можно повеќе школи од Франција на манифестациите во Битола.