nass undp

Разликите меѓу и околу нас ги има и доколку не им даваме значење тие не се видливи. Но, доколку ги потенцираме постојано, тие разлики, кои се навлезени во секоја пора од нашето општество ќе бидат одлучувачки фактор кој ќе влијае врз секојдневниот живот. Тие разлики ќе ја детерминираат меѓусебната комуникација, социјализацијата, соживотот, самото функционирање на една локална заедница, на цело општество.

snapshot.jpg1

Предрасудите, стереотипите се нешто кое отсекогаш постои во нашето општество. Но, младите се оние кои можат да го сменат наративот, особено во едно мултикултурно општество.

Своите мисли и размислувања на оваа тема ги дадоа младите од три градови: Битола, Струга и Велес во документарниот филм „Моите, твоите, нашите улици“ изработен како дел од проектот YOUth, Инклузија, еднаквост, доверба финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

snapshot.jpg4

Младите зборуваат за поделеноста на општеството и претераното инволвирање на политиката во сите сфери на живеењето, а особено меѓу младите. Битолските, струшките и велешките млади ги споделуваат своите гледишта како таа поделеност нив им влијае за да се социјализираат со врсници од друга вера, националност и слично.

snapshot.jpg7

Преку нив, можеме да го слушнеме гласот на постарите генерации кој го подигна ѕидот на предрасудите, дискриминацијата и стереотипите, ѕид кој ги зајакна разликите. Но, младите јасно го гледаат, свесни се за тој ѕид и се подготвени да го урнат. Тие се отворени кон сите, кон сето она што може да им обезбеди светла иднина.

snapshot.jpg8

Иако од три различни градови, младите зборуваат за истите проблеми, нивните мисли се надополнуваат, а нивната визија комплетно се поклопува.

За проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“

Целта на проектот е да се поттикнат младите од регионот да се вклучат во конструктивни наративи, зајакнување на меѓукултурниот дијалог, инклузија, родовата еднаквост и создавање меѓусебно разбирање и доверба во Западен Балкан. Овој двегодишен проект започна од јуни 2022 година  се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Северна Македонија и Србија, ќе ја подобри улогата на младите во промовирање на зголемено разбирање и почитување на различностите. Проектот е финансиран од Фондот на Обединетите нации за градење мир, спроведен од УНДП, УНФПА, УНЕСКО, UN Women.

Очекувањата од овој проект се дека ставовите на младите ќе се сменат кон поголема отвореност и доверба во младите од другите области во регионот. Да се создадат услови за младите да преземат активна улога во креирањето позитивни наративи, градење доверба и заедничка иднина. Да станат идентификувани и омоќени нови младински амбасадори на промена и доверба во регионот.

snapshot.jpg5

Младите луѓе во регионот и понатаму се под влијание на негативните наследства од минатото, особено младите кои живеат во сегрегирани области со етничко мнозинство и кои учат во сегрегирани училишта и образовни системи. Повеќето немаат директно сеќавање на заеднички мирен соживот. Многу малку млади луѓе патувале надвор од регионот, а други дури не ги посетиле ниту поголемите градови во нивните земји и територии. Ширењето на лажни вести, дезинформации и говор на омраза на интернет ги размножува стереотипите и ја зајакнува недовербата. Силеџиството на социјалните медиуми е вообичаено, а жените и девојките се особено погодени од тоа. Меѓутоа, сè повеќе млади стануваат медиумски и информациски писмени и на говорот на омраза одговараат со позитивни приказни и пораки. Младите, исто така, стапуваат во контакт со своите врсници и градат вистински или виртуелни врски по етнички линии. Повеќето млади веруваат дека младинската размена може да има позитивно влијание врз регионалните односи.

snapshot

Младите во Западен Балкан се од суштинско значење за зајакнување на демократијата и промовирање позитивни социјални трансформации, но и покрај тоа, донесувачите на одлуки честопати не ги земаат предвид нивните потреби и аспирации. Затоа, вклученоста на младите во донесувањето одлуки треба дополнително да се стимулира и подобри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…