Многу дела во литературата создаваат силна врска со читателската публика преку приказните што ги раскажуваат или пораките што ги пренесуваат. Читателите имаат тенденција да се дружат со емоциите прикажани во овие дела и да станат емотивно вклучени во нив. Според тоа, книжевноста има длабоко влијание врз размислувањето и гледањето на животот.
Така вели активистката и писателка од Мелбурн, Австралија која е во посета на родна Битола. Има издадено 7 книги со статии, поезија, раскази. На 23 септември 2024 беше провирана и книгата За хероината Гордана Димовска, од Гордана Такец. Книга посветена на ликот и делата, активностите на Гордана Димовска во Македонската заедница во Австралија. Промотор беше Гордана Такец, а промоцијата се одржа во книжарата Book’s house, Битола.
Инаку Гордана Димовска е и претседател на Македонското литературно друштво “Кочо Рацин”, Мелбурн кое работи од 2014 година, а официјално е регистрирано 2016 со цел да се промовира македонската литература и јазик во Австралија. Гордана исто така предава Македонски јазик во викториското училиште за јазици од 1999 година.