Оваа недела Битола е во хумана и празнична атмосфера. Велат богатството е во срцето и дарувањето, па како што Бог дарувал љубов и радост и ние тоа да го направиме за оние кои неизмерно треба да им се помогне. Хуманитарната организација „Утешител” и група хуманисти од Битола покренаа голема хумана акција „РАДОСТ И УТЕХА ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО”. Секој може да одвои средства колку за едно испиено кафе и да ги донира на пунктовите каде што ќе бидат поставени кутии за донации. Сите собрани средства ќе бидат преточени во храна и залихи на храна и лекови за загрозените семејства во Битола.

278567108 5792583434085144 6445112591039749739 n

Пунктови за донации ќе има од денес до сабота на следниве места: ШИК маркети (10 маркети ШИК низ градот), Месара „Драни”, Месара „СТ-Кировски”, Пекара “Векна”, Пекара ” Ванила” – Ат пазар, Аптека “Роса Вита”, „Флекс” кредит, Месара “Дрвен пазар” – Нов пазар, Маркет „Тома” на ул. Охридска. Колички за донација на храна ќе има во горно Веро и Тинекс. И за љубителите на секојденвното кафе средства ќе можат да донираат во следните кафулиња: Тач, Јагода, Централ, Везилка, Бариста, Добри вибрации, Портал, Пицерија Шведски.

278680520 533448958359029 5931006167948899386 n
278574013 10225165951049251 6456918560217455235 n

Во петок на плоштадот „Магнолија“ ќе има и штанд и секој минувач ќе може да даде свој мал придонес. Секој љубител на кафето нека замисли дека почестил некого со кафе, а всушност со тие пари ќе нахрани гладен. Нека биде радост за сите и нека секое семејство има достојна трпеза за празниците. Што повеќе донации имаме со толку повеќе залиха на храна ќе се обезбедат социјално загрозените семејства.

НЕКА БИДЕ РАДОСТ И УТЕХА ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО!
ПОДАРЕТЕ ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ!

278253646 10225165933648816 4065486816366766746 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…