Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ посветен на музите на Пикасо изведен од Националната опера и балет синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола.

278012605 519200499916899 3425285114923511921 n

Воодушеви извонредната балетска игра на Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова-Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија. Олга Панго, која е кореограф и режисер на претставата, со асистентите Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев, играта на светлото на Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, овозможија неверојатно искуство за публиката. Музиката за балетот е компонирана од Калиопи Букле.

278721770 710042996854161 4486358990474053885 n 1
фото: Диоген хаџи коста милевски

Публиката со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет и особено извонредните балетски играчи, кои донесоа магија на сцената.

277902005 403536174581305 1344630786919462668 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…