serenada 3

Утре, 24 август со почеток од 21 часот на платото на Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи првото издание на Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ во организација на Културниот информативен центар Битола.

Директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, на денешната прес-конференција истакна дека интересот кој постои кај битолчани ги надмина нивните очекувања, па така се бара место повеќе се утрешната вечер. Како што истакна, околу 200 лица се дел од фестивалот: Учесници, изведувачи, автори, оркестар, хор, техничка поддршка и целосната организација.

serenada 5
Фото: саше богоевски

„Се изненадивме колку покажаа голем интерес битолчани. Вкупно се 610 столчиња, но во меѓувреме правиме напори за дополнителни столчиња, онаму каде што ќе има место на платото, да им излеземе во пресрет на повеќе граѓани. За минувачите има клупи, места каде ќе можат со стоење да се проследи фестивалот, сите се добредојдени. Би апелирала, сите што зедоа влезница да дојдат навреме и да седнат, просторот е тој, а можеби за следната година ќе размислуваме за поголем простор со оглед на интересот“, изјави Лили Бошевска, директор на КИЦ Битола.

serenada

На тримесечниот конкурс, пристигнаа 74 авторски песни, но седумчленото жири, составено до тројца надворешни членови и четворица од тимот на КИЦ Битола, избра 16. Миограг Неќак, музички продуцент и задолжен за музичкиот дел на фестивалот, истакна дека од вкупно 74, 40 беа квалитетни песни.

„Тоа беше акумулација на самите автори кои долго време не можеа да ги пласираат своите нумери на ваков вид фестивал, имаше премногу квалитетни нумери, а дел од нив ги планирам за в година, како една банка со песни за наредното издание на фестивалот. Инаку изборот на песните беше комплетно транспарентен, сите нумери беа пратени под ѓифра. Ова е стартна, прва година на фестивалот, се надевам дека наредната година ќе има 2 вечери или барем да се зголеми бројот на изведувачи“, рече Миодраг Неќак.

serenada 4

Инаку како вовед и придружна манифестација на фестивалот беше воведувањето на турата со битолскиот пајтон, на што од КИЦ Битола велат дека наиде на воодушевување кај битолчани. Сето тоа е во насока на туристичка промоција и развој на културниот туризам.

serenada 2

„Културата и културно-историското наследство се атрактивни туристички атрибути кои Битола ги има на високо ниво и кои може да бидат туристичка атракција. Самиот Офицерски како објект е атракција, но важна е и живата културна традиција, митовите и легендите, на што ние со задоволство се потсетуваме. Го вклучивме пајтонот, бесплатна промотивна активност која наиде на воодушевување кај битолчани, имаме голем број домашни и странски туристи кои се воодушевни и се фотографиираат. Сето тоа е дел од поголем концепт кој треба да биде имплементиран за да се подигнат на ниво на туристичка атракција Офицерски дом и киното Манаки“, рече Тодор Ивановски, органзиација на фестивалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…