Оваа година по 23 пат ќе се одржат Пелагонските културно –научни средби во Новаци. Целта на овие средби е да се промовира научната мисла на луѓето кои потекнуваат, некои сѐ уште живеат во живописниот Пелагониски предел, ако се земе предвид дека голем број од интелектуалците во Македонија се токму по потекло од Пелагонискиот регион.

viber image 2023 07 06 08 03 10 957

Средбите низ годините востановија две награди, кои традиционално се доделуваат, па така оваа година наградите за:

Повелба за животно дело му се доделува на: проф. д-р Осман Кадриу

Златен клас за македонски вознес му се доделува на: поетесата Снежана Алексиќ Станојловиќ од Нови Сад, Р. Србија

viber image 2023 07 06 08 03 25 800

Од оваа година во чест на поетот на Битола, кој беше и еден од стожерите на Пелагонските културно – научни средби, Панде Манојлов, се воведува награда која го носи неговото име, со цел да се мотивира уметничкото творештво кај помладата книжевна генерација, а наградата ја добива младиот поет Филип Димкоски.

Здружението Пелагонски културно – научни средби со седиште во Општина Новаци  започна во полн ек со подготовка на годинешнава манифестација, на чело со претседателката  д-р Весна Калпаковска и нејзините соработници, покрај промоција на научната, напоредно се промовира и уметничката мисла.

viber image 2023 07 06 08 03 50 818
viber image 2023 07 06 08 03 41 280

Прв претседател на Средбите е етаблираниот македонски писател д-р Цане Здравковски, кој беше по потекло од  пелагониското село Врањевци, на чија денешна територија е изграден Рударско енергетски комбинат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…