krusevo poletuvaliste 1

Инвестиција во современа спортска инфраструктура и одржлив авантуристички туризам во рамки на прекуграничната соработка со Елбасан, финансирана од Европската Унија.

Светски познатиот параглајдерски центар во Крушево преминува во нова фаза од својот развој. Со интензивни градежни активности на терен, во тек е изградба и инфраструктурно проширување на две нови полетувалишта со висококвалитетна вештачка и природна трева.
Оваа инвестиција значително ќе ги подобри условите за полетување, ќе ја подигне
безбедноста на пилотите и ќе овозможи организирање на уште поголеми меѓународни спортски манифестации.

krusevo poletuvaliste 2

Активноста е дел од проектот Крушево и Елбасан – Патување низ природата и авантурата, финансиран од страна на Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III). Проектот го спроведува Општина Крушево како водечки партнер, во соработка со Центарот за одржлив развој АЛКА од Скопјe, Општина Елбасан, и организацијата Тјетер Визион од Елбасан, Албанија.

krusevo poletuvaliste2 1

Врвни технички стандарди за максимална безбедност и функционалност

Проектот опфаќа комплетно инфраструктурно уредување на нови полетувалишта со вкупна површина од 2.008,08 м2 под висококвалитетна вештачка трева и 1.503,81 м2 под природна трева. Со ова, капацитетот на параглајдинг центарот во Крушево практично се удвојува, што овозможува истовремено полетување на слободни пилоти за време на одржувањето на официјални светски и европски натпревари.

Одржливо уредување и современи придобивки за пилотите

Покрај поставувањето на висококвалитетна вештачка трева на самото полетувалиште, посебно внимание е посветено на одржливото уредување на просторот со засевање на над 1.500 м2 природна трева. Оваа зелена интервенција обезбедува:

Елиминирање на ризиците: Изедначување и санирање на нерамниот и необработен терен околу терените за полетување.

Заштита на опремата: Намален ризик од оштетување, кинење или заплеткување на параглајдерските крила и јажиња.

Безбедност и подготовка: Идеални услови за безбедно движење на пилотите пред полетување, како и за полесно собирање и пакување на опремата.

Зајакнување на прекуграничниот авантуристички туризам

Преку зајакнувањето на туристичка инфраструктура, проектот има за цел да го
позиционира прекуграничниот регион Крушево – Елбасан како атрактивна дестинација за активен и авантуристички туризам. Додека во Крушево фокусот е ставен на параглајдингот и спортско-рекреативниот центар Гумење, во Елбасан се развиваат Авантуристички парк, пристапна зона со паркинг во близина на тиристичкиот центар во Фунар и обележување на пешачки патеки до кањоните Допај.

„Discover Nature, Experience Adventure, Connect Across Borders“

Овој проект е финансиран со поддршка од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III). Партнери на проектот се Општина Крушево, Општина Елбасан, Центар за одржлив развој АЛКА и Тјетер Визион. Содржината на ова соопштение е единствена одговорност на имплементаторите и на ниту еден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Бутин: Лоши луѓе во лоши времиња
Пишува: Маја Богоевска Не сакам многу да зборувам кога се возам со …
Место каде што спомените оживуваат – приказната за Етно собата „Билјана“ и Аудио и Видео Музејот „Николовски“
Во срцето на Старата битолска чаршија се наоѓа едно несекојдневно место кое …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…