eye

Дали некогаш се чувствувате лошо, иритирано и не сте расположени да правите ништо? Ви изгледа како вашиот ум да е полн со темни, сиви облаци. Постојано се фокусирате на лошите сеќавања, негативните луѓе, грешките што сте ги направиле пред неколку месеци… Кога ќе се најдете во ваква ситуација, следниве 5 нешта ќе ви помогнат да го подобрите вашето расположение.

1. Одвојте 5-10 минути за да го пронајдете вашиот центар

Научете да бидете присутни во моментот. Исчистете ги вашите мисли, веќе знаете дека поголемиот дел од нив воопшто не ви се потребни. Обидете се да направите нешто што ви годи – пуштете си ја омилената песна или изгледајте некој мотивационен говор.

2. Испотете се

Вежбањето го зголемува нивото на ендорфини во вашиот систем. Ова е одлично за вашето расположение и ќе ви помогне да се чувствувате продуктивно и поздраво. Секој ден одвојувајте барем 20-тина минути за кардио или за какво било друг вид движење. Ќе чувствувате како да сте направиле нешто за себе, а негативните мисли ќе ви исчезнат многу брзо.

3. Насмевнете се, дури и ако не сакате

Штом ќе влезете во тоалетот наутро, насмевнете му се на вашиот одраз во огледалото. Во текот на денот, насмевнувајте им се и на случајните минувачи. Голем дел од нив ќе ви возвратат и веднаш ќе се чувствувате подобро.

4. Бидете горди за вашите достигнувања

Одвојте малку време и седнете. На лист хартија напишете сè што сте постигнале и направиле досега во животот – дипломирање, учење нешто ново, вежбање, читање… Потребно е да ги славите сите мали победи. Сите ние имаме различни цели во животот и треба да бидеме горди на нив.

5. Излезете со пријатели

Излегувањето со други луѓе и разговарањето за разни теми ќе ве забавува. Ова ќе ви помогне да добиете нова перспектива за животот и да не останете заглавени во себе. Ќе сфатите дека сите имаат лоши денови. Едноставно, тоа се случува и нема потреба да се грижите за малите нешта. Обидете се да излезете од вашата глава. Немојте да си ја уништите сегашноста размислувајќи за минатото.

Животот е краток, па престанете да се споредувате со сите други. Движете се по вашиот пат и постигнете ги вашите цели. Можеби веќе безброј пати сте слушнале, но имате еден живот и должни сте кон себе да уживате во секој момент од него.

мебло организатори

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…