exit montenegro

Шарлот де Вит, Хугел, Пеги Гу, Џон Њуман, Енрико Санџулиано и РПР Саундсистем го предводат големото фестивалско финале на летото, кое од 28 до 31 август ќе ја собере публиката од целиот регион и бројни земји од светот во Будва, на плажата Бечиќи, а влезот на фестивалот е бесплатен, со претходна регистрација.

За помалку од месец дена Будва станува место за средба на најголемите светски музички ѕвезди и публиката од целиот регион, EXIT 2 Montenegro – Sea Dance Edition ќе се одржува од 28 до 31 август во Бечиќи и ќе донесе три дена музика, море и фестивалска енергија на едно од најубавите крајбрежја на Јадран.

Големото финале на летото го предводат Шарлот де Вит, Хугел, Пеги Гу, Џон Њуман, Енрико Санџулиано и РПР Саундсистем, додека наскоро се очекуваат и нови големи имиња кои дополнително ќе го засилат еден од најисчекуваните фестивалски викенди ова лето.

Sea Dance во Будва ќе спои различни музички светови – од бескомпромисното техно на Шарлот де Вит и Енрико Санџулиано, преку глобалните хитови на Хугел и препознатливиот звук на Пеги Гу, до големиот настап на Џон Њуман во живо и единственото музичко патување кое го приредува РПР Саундсистем.

Потсетуваме, EXIT 2 Montenegro оваа година својата фестивалска приказна ја носи преку две големи поглавја. По спектакуларниот почеток на Велика плажа во Улцињ, каде што на почетокот на јули се собраа повеќе од 50.000 луѓе, енергијата на крајот од август се сели на будванската ривиера, каде што Sea Dance ќе го означи големото финале на летото на црногорското приморје.

Влезот на EXIT 2 Montenegro – Sea Dance Edition е бесплатен со претходна регистрација и потврда на присуството. По успешната потврда, посетителите добиваат бесплатен електронски билет, неопходен за влез на фестивалот. Процесот за потврда вклучува повратен депозит од пет евра, додека за сите кои сакаат посебно фестивалско искуство во продажба се достапни и ВИП влезици.

Регистрацијата и сите дополнителни информации се достапни на официјалната страница на фестивалот exit2montenegro.me.

Преподобен Серафим Саровски: Болестите се јавуваат од 3 причини
Серафим Саровски е руски светец чија мудрост за животот, љубовта, духовноста и …
Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…