Пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција од денеска ќе се прикажуваат во киното „Манаки“ во Битола во рамките на „Неделата на детски филмови“ која е како дел од Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Програмата почнува денеска во 11 часот со проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша“, синхронизиран на македонски јазик и продолжува до 8 јули со секојдневни проекции. „Неверојатната приказна за џиновската круша“ е базиран на истоимената популарна книга за деца од Јакоб Мартин Стрид и е приказна за две другарчиња – слонот Себастијан и мачката Мичо кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, кому еден ден мистериозно му се губи трагата. Тие го совладуваат морето со нивната џиновска круша и во текот на нивната авантура ќе налетаат на пирати, змејови и чудни духови.

Утре во 11 часот ќе се прикажува детската авантура „Кариран нинџа“, исто така синхронизиран на македонски јазик. На програмата до 8 јули се и „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“, а и повторно „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Кариран нинџа“ со синхронизација на албански јазик. Влезот за проекциите е слободен.

„Недела на детски филмови“ е во организација на дистрибутерската куќа Узенгија во рамките на програмата на годинешното издание на „Бит-фест 2022“.

Програма:

– „Неверојатната приказна за џиновската круша “

04.07.2022 11:00 часот – синхронизација на македонски јазик

07.07.2022 13:00 часот – синхронизација на албански јазик

– „Кариран нинџа“

05.07.2022  11:00 часот – синхронизација на македонски јазик

08.07.2022 13:00 часот – синхронизација на албански јазик

– „Хакер“

06.07.2022 11:00 часот –  синхронизација на македонски јазик

– „Патешествието на принцот“

07.07.2022 11:00 часот 

– „Мираи“ 

 08.07.2022 11:00 часот 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…