430041212 803429071813345 3044525465707801648 n

Четири претприемачки од Крушево, Прилеп, Могила и Битола споделувајќи лични искуства како е да се води бизнис во македонското општество, ги мотивираа младите девојки кои беа дел од тркалезната маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“ што се одржа во Јуроп хаус во Битола.

Заменик-претседателот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Иван Дургутов, рече дека целта на овој настан е да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат успешните бизнисменки од Пелагонискиот регион, кој во последните години е погоден од масовна миграција на населението.

interaktiv bitola 5

„Имаме луѓе коишто решиле да останат овде и својата успешна приватна и професионална иднина да ја градат овде“, вели Дургутов.

На тркалезната маса се отвори прашањето дали жените-претприемачки се исправиле пред предизвикот на трaдиционалното разбирање на машки и женски професии, стереотипизирањето на женската наспроти машката работна сила и  нелојалната конкуренција.

„Владее тој стереотип во нашето општество. Директен конфликт не сме имале, но сепак се чувствува таа поделба и желба за надменост“, изјави претприемачката од Крушево, Марјана Кочоска.

interaktiv bitola

Бети Димоска од Прилеп, која се занимава со производство на механизација, но исто така е вклучена и во производствениот сектор и трговијата, вели дека во минатото биле изразени скептицизмот и недовербата кон жените-претприемачки.

„Како што повеќе се вмрежува жената во општеството, во економијата, се повеќе има жени менаџери на големи јавни институции и приватни бизниси и мислам дека се уриваат тие стереотипи и дека се помалку се гледа на жената со недоверба“, смета Димоска.

На прашањето дали е потешко да се работи во сопствен бизнис или за друг работодавач, Мери Мрмачовска од Могила, чиј бизнис е во производство на зимзелени садници, цвеќе и хортикултура вели дека и на двете места е тешко.

„Тешко е да се постигне, на пример за фамилијата – некој ќе каже можеш да избегаш или ако работиш кај некого можеш порано да излезеш и да не одиш на работа, меѓутоа двете страни си имаат своја тешкотија“, вели Мрмачовска.

Битолчанката Ана Ристевска која води бизнис во областа на едукација за програмирање и ИТ обуки, повика на економска емпатија и солидарност меѓу домашните претприемачи.

„Ги охрабрувам младите жени да почнат свој бизнис, да покажат економска емпатија преку формирање на здруженија и правење на заеднички проекти. Да делат совети и да се поттикне кариерниот развој на младите жени“, порача Ристевска.

interaktiv bitola 3

Од Здружението Интерактив – Битола велат дека многу истражувања покажуваат за исклучување на жените, дискриминација во висината на плата, дискриминација заради биолошките карактеристики и тоа само поради што се жени.

interaktiv bitola 2

„Генерално на ниво на Македонија, но и на овој регион бројките не се многу позитивни кога зборуваме за вклученост на жената, без разлика дали станува збор за жени сопственички на бизниси, за жени на управувачки позиции итн. Сепак сеуште таа е сфера во којашто преовладуваат мажите но, токму настаните како овој верувам дека помагаат да се испрати порака и да се види дека бариерите постојат меѓутоа не се нешто што не може да биде надминато“, рече Иван Дургутов од Интерактив – Битола.

Инаку оваа активност ја организираа Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и Јуроп Хаус од Битола. Истата имаше за цел да го промовира женското претприемништво пред младите жени, но и да ги вмрежи младите жени со сопственичките на бизниси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…