m film

Македонскиот филм “М” на режисерот Вардан Тозија го продолжува прикажувањето на северноамеиканскиот континент, овојпат во официјална конкуренција на два престижни филмски фестивали – Интернационалниот филмски фестивал на научна фантастика во Бостон и Интернационалниот фестивал “Ноќи на стравот” во Висконсин.

Интернационалниот фестивал на научна фантастика во Бостон е оформен далечната 1976 година што го прави втор најстар жанровски филмски фестивал во САД. Во иницијалните години на постоењето во киното “Орсон Велс” премиерно се прикажувани култни остварувања како “Денот кога земјата застана”, “Војна на световите”, или првото издание на дотогаш сеуште непознатиот “Војна на ѕвездите”.

Фестивалот се одржува во кино-комплексот Сомервил, и пред американската публика прикажува и промовира ограничен број на жанровски филмови од американската и интернационалната филмска продукција. Интернационалниот филмски фестивал “Ноќи на стравот” се одржува во Висконсин, и има за цел да открива филмски остварувања со дистописка, фантастична и хорор тематика од меѓународната кинематографија.

Во своето 16-годишно постоење, овој фестивал промовирал режисерски имиња како Мајк Фланаган (Absentia, Oculus, Fall of house Usher), Грег Никотеро (Walking Dead, Mist), Адриан Гарсија Боглијано (Late Phases, Black Circle) и многу други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…