сашко кедев

Синоќа во Кристалната сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, се случи величенствен спортско-културен настан, кој ја исполни салата и срцата на присутните со возбуда, восхит и возвишеност…Така е отсекогаш. Со големите дела и подвизи на поединците да се идентификуваме сите како народ. Токму таков личен голем подвиг, синоќа сподели со нас еден од најголемите македонски планинари, д-р Сашко Кедев, презентирајќи ги осумте врвови над 8000 м, од постојните 14 светски кои тој ги освоил во изминатите години.

На самиот почеток , д-р Сашко Кедев, рече дека отсекогаш ја сакал Битола и многу ги ценел битолчани бидејќи од тука потекнуваат корените на македонското планинарство и алпинизам уште од 1989 кога на првата македонска експедиција на Еверест кога и загина битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, симбол на битолскиот и македонскиот алпинизам.

421082222 392403969943186 8930492196338723336 n

Во текот на презентацијата д-р Сашко Кедев на публиката им понуди интересни случувања и допадливи факти со случки и анегдоти околу тие искачувања, користејќи и имиња на шерпаси и водичи како и легендарни планинари кои веќе не се меѓу нас…Неспоредливо искуство и дело за почит. Во преполната сала беа присутни бројни планинари, јавни личности, граѓани кои по презентацијата споделија свои искуства, фотографии за планинарските искуства, сеќавања за настани и личности и следни предизвици.

meblo trejd bravi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…